
ЦЕО-то Вернер Бауман објасни дека компанијата веќе го тестира влијанието на хлорокин врз ковид-19, и се очекува конечните резултати да ги има во следните неколку седмици.
Додека траат тестовите, Баер ги зголемува и одново стартува производните капацитети во Европа, а има обезбедено и значителни количества од суровините неопходни за производство на хлорокин.
Баер го создаде хлорокин пред повеќе од 80 години и тој успешно се користи како лек против маларија.