Кој не сака со добро, ќе сака со булдожер

Властите на Калифорнија затворија еден популарен скејт-парк со истурање на 37 тони песок, затоа што сите претходни разумни обиди за негово затворање не успеаа.

Очајната мерка е затоа што скејтерите од Сан Клементе, а и подалеку, одбиваат да ги почитуваат правилата за дистанцирање па активно го користат паркот.

Ваквата одлука не наиде на разбирање од речиси никого, па прво родителите ги критикуваа властите „децата само сакаат да си играат“, а потоа „децата“ со крос мотори сфатија дека ова им е остварување на соништата, па почнаа да го користат затрупаниот скејт-парк како полигон за крос.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Connor Ericsson (@buttery_films) on

Да не биде дека локалците тек така ги оставиле скејтерите да липтаат над затрупаниот парк, едно видео покажува како тие почнале со кофи да го празнат песокот и чистат паркот во обид да го оспособат за скироли.

На слична булдожер мерка се решија и одговорните за  скејт-парк во популарната Венис бич. Од нивната акција има и видео:

23 април 2020 - 13:31