„Гледам дека средствата за дезинфекција за една минута го уништуваат вирусот. Има ли начин како може да направиме такво нешто со вшприцување внатре,“ запрашал Трамп на редовната прес-конференција за ковид-19.
Подоцна висок функционер од американското здравство прашан околу изјавата на Трамп, одговорил дека федералните лаборатории ниту размислуваат, ниту се обидуваат да развијат таква терапија.
„Со сигурност не препорачувам внатрешно земање на средства за дезинфекција,“ изјавил првиот човек на американската агенција за храна и лекови, др. Стивен Хан.
На експертизата на Трамп се надоврза и неговиот заменик, Мајк Пенс, кој изјави дека има „охрабрувачки вести“ за тоа како „топлината и сончевата светлина“ влијаат на коронавирусот.
Ова тврдење се базира на една неодамнешна студија според која сончевата светлина го намалува периодот на полураспад на вирусот од 18 часа на 1 час. Од тимот на Трамп за борба против коронавирусот, потоа дообјаснија дека „сончевата светлина не може да се користи како терапија“.
Трамп, вон белешките што му ги имаат подготвено изјавил и „многу сме блиску до вакцина“.
Претходно, највисокиот американски функционер за заразни болести, Антони Фаучи, објави дека за такво нешто ќе бидат потребни околу 18 месеци. Фаучи јавно му има кажано на Трамп дека една година по почетокот на работата на новата вакцина, која започна во март, би била најбрзиот рок за нејзино безбедно развивање.
На иста линија со Трамп е и докторот.