Заради короната, деца не се вакцинираат

Во страв да не се заразат по болници, родители не ги носат децата ни на редовни прегледи ни на редовни вакцинации. На тој начин оваа пандемија го сее семето на некои идни здравствени кризи кога ќе е можно да нè сардисаат и посмртоносни болештини.

Избегнувајќи ги редовните медицински третмани во страв од новата зараза, опаѓаат стапките на имунизација а родителите оставаат милиони деца во ризик подоцна да заболат од сипаници, магарешки кашлици, дифтерии и слично, пренесува Њујорк Тајмс.

„Последно нешто што сакаме да видиме како колатерална штета од ковид-19 се некои идни епидемии на болести кои можат да се превенираат со вакцини,“ вели член на Американското здружение на педијатри.

Според податоците од 1.000 педијатриски ординации во САД, од почетокот на кризата вакцинирањето на сипаници и рубела паднало за половина, за дифтерија и голема (магарешка) кашлица за 42% а за ХПВ дури за 72 проценти.

САД, посебно некои нејзини делови и онака имаат проблематични стапки на вакцинираност а во 2019 година, земјата за малку ќе го изгубеше статусот на земја во која се елиминирани сипаниците.

 

26 април 2020 - 14:30