Кажете драгичка: Вирусот го има на ПМ честички

''Boj se ovna, boj se govna, a kada ću živjeti?'' 
Меша Селимовиќ

Коронавирус е детектиран на честички кои спаѓаат во редот загадувачи на воздухот, обелоденуваат научници кои испитувале дали и колку новиот вирус може да се пренесува преку воздух на поголеми далечини. Сознанијата се прелиминарни и во оваа фаза не се знае дали и колку вирусот може да опстане закачен на тие честички и дали го има во количини доволни за да предизвикаат инфекција. 

Италијански научници користеле стандарден метод за собирање воздушно загадување во еден урбан и еден индустриски дел на провинцијата Бергамо и во тој материјал идентификувале  ген кој е високо специфичен за ковид-19. Резултатот бил потврден и со слепо тестирање во независна лабораторија. Леонардо Сети од Универзитетот во Болоња кој го водел истражувањето вели дека е исклучително важно да се испита дали коронавирусот може да биде пренесуван од загадувачите на воздухот.

„Јас сум научник и загрижен сум кога нешто не знам. Само ако го знаеме проблемот, можеме да најдеме решение. Ако не го знаеме, можеме само да ги трпиме последиците,“ вели тој.

И други две истражувања сугерирааат дека честичките кои го загадуваат воздухот можат да му помогнат на вирусот да се шири на поголеми пространства.

Статистичката анализа на екипата на Сети навестува дека високата загаденост може да ги објасни високите стапки на заразеност во северна Италија, еден од најзагадените региони во Европа.

******

Види и:

Ковид-19 е посмртоносен во градови со загаден воздух

Ама па и ова:

Можно е тутунот да спречува ковид-19

Значи, пушење ок, дишење баш и не мора.
Ќе нè побудалат.

26 април 2020 - 10:04