Загадениот воздух во САД е поврзан со поголема стапка на смртност од ковид-19 и кај луѓето кои живеат во места со зголемо присуство на ПМ 2,5 честички, поверојатно е болеста да заврши со фатален исход, тврдат научници.
ПП 2,5 се едни од најпакосните загадувачи на она што го дишеме (види „Њу Делхи се угуши, вие за Скопје се секирате“) баш затоа што се мали, остануваат подолго во воздухот и лесно пенетрираат во длабоките делови на белите дробови. Доаѓаат од автомобилски ауспуси, од термоцентрали, од печки на дрва и јаглен... Се проценува дека само во 2015 години, честичките со овој дијаметар стојат зад 4,2 милиони смртни случаи на глобално ниво.
Утрврдениот линк меѓу загаденоста на воздухот и смртноста на ковид-19 се објаснува со претпоставката дека долгорочното вдишување загаден воздух создава претпоставки и услови во кои респираторниот вирус почесто да завршува фатално.
Студијата допрва трба да биде рецензирана а авторите потсетуваат дека во вакви ситуации тешко е да се утврди солидна каузална врска поради инхерентни проблеми во мерењето: не сите места имаат исти тестирачки капацитети за ковид-19 и не сите места се во иста фаза на пандемијата.
Според анализата на податоците кои ги имаат, научниците утврдиле дека и најмала долгорочна зголеменост на ПМ 2,5 честичките - и само еден микрограм на кубен метар воздух - ја зголемува стапката на смртност од ковид-19 за дури 15 проценти.