Иако во првите денови од ширењето на ковид-19 низ САД ги прежаливме милијардерите дека изгубиле невидени пари, низ следните недели тие успеаа да направат камбек и да се стабилизираат.
„Читаме за тоа како добротворните милијардери споделуваат 0,0001% од своите богатства со останатите луѓе што се во оваа криза, меѓутоа реалноста е дека тие константно ги штелуваат даночните политики за со децении да плаќаат помали даноци - пари кои можеа да бидат искористени за изградба на подобра инфраструктура на јавно здравје,“ објаснува Чак Колинс од Институтот за студирање политики и ко-автор на извештајот „Billionaire Bonanza 2020: Wealth Windfalls, Tumbling Taxes, and Pandemic Profiteers.”
Колинс објаснува дека годинава Форбс ја земал финансиската состојба на милијардерите од 18 март за правење сторија за тоа како богаташите изгубиле огромни суми пари од појавата на коронавирусот. Кога сторијата излегува на 7 април, не само што бројките и заклучокот во неа не се точни, туку нивното богатство ги надминало ланските бројки и сега се движи кон нови нивоа.
Друга математика за која алармира Колинс е дека по финансиската криза од 2008 година, на милијардерите им требаа 30 месеци за да се вратат на нивоата од пред кризата, но во 2019 средната класа на САД се уште се немаше вратено на нето-вредноста што ја имаше во 2007.
„Добротворните донации не се замена за фер даночен систем и адекватно финансирана јавна социјална мрежа,“ порачува Колинс.