Високата кинеска дипломатка во Лондон, Чен Вен, за Би-би-си изјавува дека барањата за истрага се политички мотивирани и дека тоа ќе го оттргне вниманието на Кина од борбата против пандемијата.
„Независната истрага е политички мотивирана. Ние во моментов се бориме со вирус, и сите наши напори ги концентрираме на борбата против вирусот. Зошто во сето ова да вмешуваме и истрага? Тоа ќе го оттргне не само вниманието, туку и ресурсите.
Ова е политички мотивирана иницијатива. Мислам дека никој нема да се согласи на ова... тоа нема никому да му биде од корист,“ изјавила Чен.
Во меѓувреме ЕУ ја обвини Кина за ширење дезинформации околу глобалната криза. Да не биде само Кина, ЕУ ја обвини и Русија по иста основа - „таргетирање конспиративни наративи“.
Меѓутоа и ова беше направено со половина уста, бидејќи ЕУ и поединечните влади на членките на Унијата го надградија своето стандардно само-цензурирање во односите со Кина бидејќи сите до една зависат од Кина за испорака на клучна медицинска опрема за борба против коронавирусот.