Вести

Европа станува бастион на цензурата

Европскиот суд на правдата донесе одлука со која дозволи кривично гонење на поединци кои ќе објават или споделат содржини на Раша Тудеј и други руски медиуми кои имаат врска со државата. Небитно дали пренесените информации биле точни или не, небитно ако некој тоа го направил без економска корист, небитно ни дали содржината што ја споделил воопшто има врска со пропаганда или украинската војна. „Маша и Медо“ да се сподели од РТ, може да се заглави на повеќегодишна робија. 

Фрли рипче, фати крапче

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Булдожерите веќе завршија со пробивањето на Источното крило на Белата куќа за да направат место за контроверзната балска сала на претседателот Доналд Трамп. Некои од најголемите корпорации во земјата тивко помагаат да се плати сметката а нов извештај сугерира дека тие за возврат добиваат огромни бизниси.

250 години САД;

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Нова национална анкета во САД открива воочлив парадокс во јавното расположение за 250-годишнината од Америка: јаз помеѓу силната патриотска гордост на Американците и нивниот недостаток на основно граѓанско знаење од општа култура за својата земја. Пола од нив и не знаат што се оние 250 години што Америка деновиве ги слави.

Речник

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Иран и Оман веќе им доставиле на Соединетите Американски Држави предлог за администрирање на Ормускиот теснец, вклучително и заедничко собирање такси од бродовите што минуваат низ водниот пат. Теснецот се покажа како главен ирански адут против оние кои го нападнаа и го претворија Иран во сила која ефикасно може да му предизвика економска болка на целиот свет.

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Бомбашкиот напад врз олигархот Вадим Јермолаев во Монако не е само сведоштво дека Европа станала поле за брутална пресметка на украинските криминални кланови. Тој ги потсети Европејците дека со години се жртви на организирани измами преку кол-центри управувани од земјата која добива силна политичка поддршка од Брисел да стане членка на Европската Унија.

Европа се помирила со неизбежните патарини во Ормускиот проток

Иако американските преговарачи сè уште инсистираат дека можат да обезбедат целосно слободен сообраќај на бродови низ Ормускиот проток, некои европски влади веќе се помириле дека нема враќање на ситуацијата од пред војната и дека ќе мораат да им плаќаат патарина на Иран и Оман. Тоа ќе биде претставено како „такса поради загадување“ и „услуги за навигација“.

Државен надзор во рацете на вештачка интелигенција

Британската влада има најмено компанија за вештачка интелигенција која следи стотици илјади медиумски извори и објави на социјални платформи за да се идентификува кој е потенцијално проблематичен. Во компанијата тврдат дека не следат поединци иако во нивните извештаи до работодавецот има податоци и за легитимни објави на јавни личности.

Начинот на кој ја покриваа пандемијата ги потона CNN

Сензационализмот и жестоко поларизирачкиот приод кон темата на пандемијата и ковидот дополнително ја имаат урнисано довербата на гледачите во CNN. Ако пред година и нешто, ним силно им верувале и онака не импозантни 20 проценти, сега такви ги има само 13 проценти од публиката. Го отпуштија иритантниот Дон Лемон, пак го сменија својот ЦЕО, ама нешто не оди.

Кралот на неблагодарните

Малезиски планинар кој е најден пред умирање и спасен од сигурна смрт на Монт Еверест моментално го черечат на интернет затоа што по спасувањето се подал да му се заблагодари на спонзорот на турата, ама не и на Шерпата што го спасил.

На Шојгу му најдоа син, поп-ѕвезда

Рускиот министер за одбрана официјално има еден брак, кој уште трае, и две ќерки од него. Неофицијално пред години му најдоа и швалерка со која имал 3 вонбрачни деца. Сега едно од тие три го најдоа дека е поп-пејач по име Шеба, родено име Данила Шебунов.

Каде греши Аткинсон за електричните возила?

Пред некој ден пренесовме текст на комичарот Роуан Аткисон во Гардијан во кој призна дека иако меѓу првите ги прифатил електричните возила, денес се чувствува малку прелажан со таа приказна. И на оние што се думаат дали да ја заменат старата кола со електрична, им порачува да не брзаат. Сега еколозите го факт-чекираат.

Транс-жени, помагајте!

Според сегашните трендови, овој век ќе го завршиме помалубројни отколку што сме сега а населениот за првват ќе опадне после Црната чума. 15-те најголеми земји имаат помала стапка на раѓања отколку што е потребна за проста репродукција и меѓу нив не се само богатите, туку и Индија и Кина.

Инстаграм е најуспешна мрежа за поврзување педофили

Социјалната мрежа во сопственост на Мета помага да се поврзе и промовира обемна мрежа на профили кои се отворено посветени на нарачување и купување на содржини со малолетнички секс, покажала заедничката истрага на Вол стрит журнал, Станфорд и Масачусетс универзитетите.

Кој се бори во Украина добива бесплатно земјиште во Русија

Владимир Путин потпишал претседателски декрет со кој на регионалните власти во Русија им се дава задача да почнат да делат бесплатни плацови земјиште на ветераните од војната против Украина.

Со децении имаме вонземска технологија

Американската и останати влади низ светот поседуваат целосни или делови од летала кои се од вселенско потекло, тврди американски воен ветеран во своето сведочење пред американскиот Конгрес и Главниот истражител на американската разузнавачка заедница.

Запад запрепастен колку малку Русија троши на војната

Настрана оние „пу-пу не важи“ идеи на Бајден дека Путин треба да биде соборен од власт, главната финта беше војната и санкциите да ја ослабнат и исцрпат Русија за таа да се откаже од  амбициозните цели во Украина. Засега, ништо од тоа. Советскиот сојуз во Втората светска војна издржа и победи со трошење 61% од БДП на војната. На оваа војна Москва троши 3 проценти од БДП.  

Медведев: Изгледа тргнаа. Ќе ги сопреме, па ќе тргнеме ние

Зеленски нема друг излез освен да тргне во напад, за да ги оправда парите и оружјето кои ги доби. Ако газдите се налутат, нему и на неговата компанија им висат не само функциите туку и животите. Затоа има само еден излез, да оди до крај, испраќајќи во смрт илјадници мовилизирани во смрт, процени некогашниот руски претседател и премиер, Дмитри Медведев.

САД со месеци однапред знаеле за детален план на Украинците за напад на Северен тек

Минатиот јуни ЦИА добила разузнавачки податоци, преку европска шпионска агенција, дека 6-член тим составен од украински специјалци имал намера да изврши саботажа на гасоводот меѓу Русија и Германија, објавува Вашингтон пост.

Јак старт на Такер Карлсон

По неколкумесечна пауза откако беше испуштен од Фокс, најгледаниот американски плејмејкер на вести се враќа, и тоа на Твитер. Првата негова епизода, во првите седум часа имаше публика од 40 милиони луѓе. За контекст: CNN во прајм тајм денес има нешто околу 330.000 гледачи, знаеле да паднат и на 100К.

За кого всушност е тоа Прајдот?

Оние кои забележуваат дека Парадата на гордоста има станато пародија на самата себе, се обвинуваат за „трансфобија“ и „омраза“, блесав но ефикасен метод за избегнување критики. За сите овие смарачи, важно е да се идентификува каде тоа застрани Прајд, пишува Ендрју Дојл во Спектатор. Инаку, геј е човекот.

Дебатата за Украина ја водат тинк-тенкови финансирани од воената индустрија

Со гласна поддршка од влијателни тинк-тенкови, САД на Украина од почетокот на војната ѝ имаат донирано над 48 милијарди долари само во воена помош. Сега излегува дека таквите тинк-тенкови се финансирани од оние што го произведуваат оружјето кое се испраќа на фронтот. Има логика.

Соларни панели, еко-катастрофа во најава

Додека по светот се промовираат како клучно оружје за намалување на емисиите на јаглерод, на малкумина им текнува дека соларните панели имаат животен век до 25 години. Што ќе се прави со милијарди панели кои на крајот ќе треба некако да се отстранат и уништат? 

Шампионите на Москва

Поранешен началник на руската агенција против корупција е прогласен за рекордер по примање мито во Русија, што, имајќи ја предвид Русија, треба да значи нешто.

ММЕ кој ја сруши браната Каховка

Се работи за една од најголемите брани во Украина која ја пресекува реката Днепар и чија стратешка важност за Русите е што од таму со вода се снабдува Крим, а за Украинците е што водата од оваа брана се користи за Запорожје нуклеарната централа, плус е наоѓа на некои си 30 км од Херсон. Утрово се случи експлозија по која браната е збришана, а водата почна да се излева.

Француски исповеди: Американците се предатори

Неверојатен, а можеби и без преседан отворен и искрен одговор на поранешен француски министер за економија за тоа какви сè методи користат САД за одржување на својата светска доминација, вклучително и кон сојузниците. „Но и ние сме виновни, бидејќи имаме заборавено дека слободата секогаш има цена,“ вели Арно Монтебур.

Инвестициските фондови што ги тераат коропорациите на самоубиство

Изминативе месеци некои од најголемите глобални корпорации со неизмерни системи на проверка и одлучување, решија да свртат од стандардните пораки и најдиректно да ја поддржат разбудената идеологија, посебно во делот на промоција на транс-права. Секој што го направи ова му се случи крах на берза од милијарди долари и по него пак излезе нова компанија што го повтори истото.

Тенкови ќе има и авиони ќе има, ама не сега

Првиот човек на американските вооружени сили објави дека е започната обуката на украинските војници на Абрамс тенковите, меѓутоа тие треба да се сметаат за долгорочна одбрана против Русија, а не нешто што ќе и биде достапно на Украина за контраофанзивата.

Берлин побара од Кина да им ги остави на раат пензионираните воени пилоти

Кинеската влада масовно ги користи германските воени пилоти излезени од служба за обука на својата воена авијација, и ова не е по мерак на владата што ја платила целата нивна обука и образование.

Паралели меѓу транс-движењето и јаничарите

За разлика од нас, на Американци (кои не играле Age of Empires) не им е баш најпознат поимот јаничари, па магазинот Револвер за својата публика нуди неколку паралели меѓу нив и денешните транс-активисти: во поглед на нивното регрутирање, фанатичната лојалност, гениталното осакатување, социјалната промоција и желбата за статус во Империјата. Ашколсун.

Роуан Аткинсон: Сакам електрични коли, ама, малку ко да сум измамен

„За жал, задржувањето на старата кола се чини подобра опција од купувањето електрична. Постојат и битни еколошки причини да не се брза со промената“, пишува во Гардијан актерот изненадувајќи нè и со неговото образование: има завршено електро факултет и магистрирано на контролни системи.