Мислав Колакушиќ, Европски парламент:

СЗО треба да биде прогласена за терористичка организација

СЗО планира државите да потпишат правно обрзувачки договори со кои тие ѝ ги предаваат надлежностите во кризни времиња. Да се потпише договор со СЗО затоа што тие најдобро знаат за вакцини и лекови е исто како да се потпише договор со колумбиски нарко -картел затоа што и тие најдобро знаат за дрогите, смета незгодниот хрватски евро-парламентарец.

Заради штетата која досега ја има направено и ширењето лажни вести, Светската здравствена организација треба да биде прогласена за терористичка, смета хрватскиот европратеник Мислав Колакушиќ.

На прес конференција со други политичари и гости, вклучувајќи го и доктор Роберт Малоун (види „Пред да ги вакцинирате децата“, „Живееме во масовна психоза како во наци Германија“, „Сите треба да бидеме гневни што нè лажеа за вакцините“), пратеникот во Европскиот парламент од Хрватска (независен) ги осуди плановите на СЗО сите држави да потпишат договор по кој на таа организација ѝ се дава монопол во носењето здравствени одлуки кои го поништуваат националниот суверенетитет.

„Сакам накратко да ги известам луѓето за претстојната опасност по човештвото“, рече Колакушиќ. „Светската здравствена организација сака сите држави да потпишат договор за предавање на овластувањата а прогласување пандемија, набавка на вакцини и лекови. За човештвото ќе биде поздраво и побезбедно да потпишат договор со колумбиски нарко-картел. Тие сигурно знаат сè за дрогите“.

Хрватскиот парламентарец ја обвини СЗО за ширење лажни вести за време на ковид пандемијата. Вели дека организацијата која ја финансира Бил Гејтс, за вирусот лажеше уште на почетокот а потоа даваше погрешни тврдења за вакцините и нивната ефикасност.

Сумирајќи ја улогата на СЗО за време на кризата, тој рече дека нејзините акции биле поштетни и од злогласниот Светски економски форум на Клаус Шваб (види: „Колкава моќ поседува Клаус Шваб?“ и „Орвелијанско киднапирање на „транспарентноста“).

Многу земји јавно веќе ја потврдија својата посветеност за потпишување правно обврзувачки договор со СЗО.

************

Од Мислав Колакушиќ види и ова, ова, ова и ова

13 септември 2023 - 15:34