Сите треба да бидеме гневни што нè лажеа за вакцините

Kонзервативниот активист Бен Шапиро и сопругата која е доктор се вакцинирале не затоа што биле во ризична група туку зашто верувале во тврдењето дека така ќе заштитaт други. „Не биди престрог кон себе“, го теши изумителот на мРНК вакцините, „само си паднал на една внимателно дизајнирана пропагандна стратегија“.

Бен Шапиро: Доктор Малоун, вашата книга е насловена „Лаги што ми ги кажа владата“ а знаете дека бев ужасно лут затоа што, на пример, во декември 2020-та ни беше кажано, а и понатаму не уверуваат дека, врз основа на сите информации со кои располагаат - вакцините ја намалуваат трансмисијата на вирусот. Тоа ни го велат портпароли на фармацевтски компании, владини функционери, вклучително и двајцата претседатели, и Доналд Трамп и Џо Бајден, дека вакцината го стопира преносот.

Тоа беше и главната причини зошто јас, и жена ми која е доктор, примивме вакцини. Не затоа што бевме толку загрижени за нас, туку затоа што верувавме дека примајќи ја вакцината го намалуваме ризикот да го пренесеме вирусот, да речеме, на нашите родители.

Доктор Роберт Малоун: Сте паднале на она што, за жал, беше внимателно, клинички тестирана, пропагандна стратегија. И мислам дека не треба да се „јадете“ заради тоа. И јас примив вакцина, Модерна, од различни причини. Имав пост-ковид симптоми (таканаречениот „долг ковид“) а тогаш кружеа бројни информации, за кои сега знаеме дека се дезинформации, дека вакцините имаат терапевтско дејство за долг ковид. Исто така, морав да патувам, а знаев дека нема да ми дозволот ако не се вакцинирам и... прифатив.

Имав и онлајн состанок со Питер Маркс од Федералната агенција за лекови кој е одговорен за одобрување на вакви продукти,  разговаравме за моите дилеми околу вакцините откако ги прочитав информациите за резултатите на Фајзер во Јапонија.

Мојот став тогаш беше дека фармацевтската компанија им ги замачкала очите на Агенцијата. Дека таа се соочила со нова технологија и мноштво податоци околу истата, и дека Фајзер практично ја измамиле, преку начинот на кој им ги презентирале информациите.

Затоа издејствува онлајн состанок не само со Питер Маркс туку и со Ненси Пелоси (спикер во американскиот Претсавнички дом - н.з.) и ги молев да објават податоци за разлиниот ризик од вирусот за различни возразни групи. Ништо не се случи.

Имав теле-конференција и со лице за односи со јавност на Агенцијата за лекови на која тој побара да се воздржам од коментари и рече дека добил дополнителни информации од Фајзер, дека тој нема дилеми, дека треба да се чувствувам безбедно во врска со вакцините. Изрично побара да престанам затоа што тој не е загрижен, имал нови податоци што ги видел и планира да ги објави. Сега знаеме дека и тоа беше лага затоа што дури судот ги примора Фајзер и Агенцијата да ги објават податоците - а кога ги објавија - тие беа сè освен смирувачки.

**********

Види и:

Пред да ги вакцинирате децата

Живееме во масовна психоза како во наци Германија

Дилемата на невакцинираните

29 декември 2022 - 12:20