После неодамнешните повици за „Пандемиска амнестија“ (види: Тие што хејтаа „анти-ваксери“, сега бараат амнестија) од групите кои уништија животи и бизниси, затворија училишта, ни ги одземаа слободите и ги свртеа семејствата, пријателите и соседите еден против друг, невакцинираните и оние што ја кажуваат вистината се најдоа во небрано.
Моралот и цивилизираноста ни велат дека треба да им простиме на оние кои нè навредуваа што избравме медицински суверенитет, непочитување на неуставните задолжителности или само го доведувавме во прашање наративот, но, тоа не е толку едноставно. Некои „проваксери“ можеби беа само исплашени за слепо да ги следат здравствените упатства и беспоговорно да бидат послушни кон државните обврски. Но, менталитетот на толпата да ги демонизира невакцинираните и да манипулира дека тие се проблемот - ја преминаа границата после која не се простува.
„Зезање со смрт на анти-ваксер од ковид можеби е морбидно, ама е НЕОПХОДНО“, напиша ЛА Тајмс во тие времиња, велејќи дека оние што одбиваат „трезвени медицински совети“ па не сакаат вакцина, кога ќе завршат в болница или в гроб, можеби го добиваат „заслуженото“.
Авторот на тој текст дури ја промовираше одвратната хејтерска веб-страница www.SorryAntivaxxer.com која објавуваше детали и фотографии од починати „анти-ваксер активисти“ и воспеваше свој колега кој се одушевуваше од фактот дека „исмевањето на антиваксерите кога ќе се разболат стана национален спорт“.
Има бескрајни примери на омраза и презир кон невакцинираните изминатите две години, но, да се ужива во нивната смрт е одвратно. Сега се јасни податоците и информациите дека вакцините не функционираа како што се ветуваше и дека пропагандната машина лажела. Дури и Центарот за заразни болести признава дека нема разлика во упатствата за вакцинирани и невакцинирани.
Па, што да прават невакцинираните?
НЕ бидете злонамерни, НЕ заборавајте и НЕ престанувајте да поставувате прашања!
Едно од првите прашања што треба да го поставиме треба да биде околу тоа дали младите и здрави луѓе кои ненадејно умираат, биле вакцинирани или не. Ова не треба да биде табу, и треба да биде тема за пошироката научна заедница, да дебатира и да учи од тоа.
Знаеме дека сега генералните стапки на смртност се зголемени и дека за смртните случаи на здрави млади возрасни, здравствени агенции ги обвинуваат несаканите ефекти од ковид.
За да се бара примирје и заедно да се работи на барање одговори, на маса мора да бидат и вакцините за ковид. Не е страшно да се праша дали бил вакциниран некој кој умрел ненадејно и од непознати причини. Одговорот ќе нè приближи сите до вистината, потенцијално ќе спаси животи и ќе се знае каде е линијата кога следниот пропаганден настан кој се храни со страв ќе се обиде да нè подели и уништи.
Значи вака, бандо една хејтерска која сега мавта со бело знаме, ве молам запомнете...
Ние НЕМА да ја славиме вашата смрт, ние НЕМА да ви посакуваме ништо лошо, но НЕМА да ви заборавиме што направивте.
*****
Види и:
Живееме во масовна психоза како во наци Германија
Приватно-јавно партнерство во цензурата