Обелоденет договор со Фајзер:

Долгорочните ефекти и штетните последици „во моментов не се познати“

Јужна Африка дозна дека фармацевтските гиганти не само што ги дереле за ковид вакцини и им наплаќале повеќе отколку на земјите од Европската Унија туку и дека додека властите стандардно уверувале дека вакцините се „сигурни и безбедни“, морале да потпишат признание дека 'знаат дека не знаат' дали е баш така.

Јужноафриканскиот суд минатиот месец нареди да се објави „тајниот“ договор за набавка меѓу владата и компанијата Фајзер од 2021 година. Министерството за здравство реши да не се жали на одлуката на судот.

„Ова е важен ден за нашата демократија и за отворање на процесите во здраството. Тоа праќа силен сигнал до моќните фармацевтски компании и другите центри на моќ дека во Јужна Африка транспарентноста не може да се менува и дека не е на продажба: не постои никаква причина за толкава тајност во здравствениот или кој било друг сектор“, изјави претставничка на Иницијативата за здравствена правда.

На јужноафриканците една доза им била наплаќана 10 долари, иако цената за ЕУ била 8,5 долари. Државата се обврзала да плати 734 милиони долари за 64 милиони вакцини од четири фармацетски компании, со 95 милиони долари платени однапред, без никаква гаранција дека вакцините ќе бидат навреме испорачани.

Суштината на објавениот договор го обелоденува она на што многумина се сомневаа: долгорочните ефекти на експерименталната МРНК вакцина уште не биле познати кога таа беше купувана.

Според членот 5.5:

Купувачот (владата) признава дека долгорочните ефекти и ефикасноста на вакцините во моментот не се познати и дека можат да постојат несакани ефекти од вакцината кои исто така не се познати.

Тоа е тоа. Владите официјалните државни авторитети ширум светот ги уверуваа своите граѓани дека вакцините против ковид се „сигурни и ефикасни,“ додека истовремено потпишувале договори кои го содржат спротивното.

Документите на Фајзер, само во првите три месеци регистрираат над 42.000 несакани појави, вклучително и 1.200 смртни случаи, вклучително мозочни удари, хеморагии, згрутчување на крвта, згрутчувања во белите дробови, во нозете, невролошки нарушувања, деменција, Гилијан-Баре, фацијалис.... пренеесовме во статијата „Најголемиот криминал против човештвото во историјата“.

* договорот меѓу Јужна Африка и Фајзер го имате овде

 

12 септември 2023 - 17:27