Вести

Израел војува во Либан и преку Тиндер

Паралелно со бомбардирањата и бруталното чистење на теренот во јужен Либан, наспроти низата прифатени прекини на огнот, Израел води и интензивна психолошка војна за да ја зацврсти окупацијата на територијата на северниот сосед сè до реката Литани. За ова, како оружје користи една од најпопуларните технолошки платформи на интернет за запознавање.

Лабораториите за ВИ отпуштаат програмери, вработуваат филозофи

Пред десет години на почетокот на револуцијата на ВИ студентите по хуманистички науки беа предупредени: ако сакате да бидете конкурентни на пазарот на трудот, научете да програмирате. Ова не се покажа како добар совет. Денес, програмерите се тие што се плашат дека вештачката интелигенција ќе им ги земе работните места, а технолошките компании вработуваат филозофи.

Источна Германија, земја на празни градинки

Во 35-те години од обединувањето на двете Германии, вкупното население на земјата е поголемо за 3,8 милиони луѓе, што е зголемување од 5% и главно потекнува од имиграцијата. Но, во петте покраини што беа дел од источната Германска Демократска Република, населението се има намалено за 16%..

Речник

Кој бара расизам, го наоѓа и во времето

Некои академски теоретичари како да се натпреваруваат да пронајдат нови форми на наметната доминација на белците и белото во сè што гледаат околу себе. Како расистички веќе ги осудија науката, математиката, астрофизиката, статистиката, изборите и меритократијата. Беше прашање на време кога некој за расистичко ќе го прогласи и самото време.

И Рубио призна: Договорот на Трамп со Иран е полош од оној на Обама

Трамп упорно тврди дека договорот на Обама со Иран во 2015 година е „најлошиот договор во историјата на САД“. Марко Рубио, како лојален шеф на дипломатијата го брани тој став, но далеку од камерите признал дека договорот на Трамп е уште полош. Всушност, оценил дека и воопшто не е договор туку необврзувачки документ до кој никој не мора да се придржува.

Трамп лани заработил 1,4 милијарди долари од зделки со крипто

Доналд Трамп долго градеше бизнис-империја со недвижнини, но откако лани се врати во Белата куќа и се префрли на криптовалути, новиот бизнис му донел приход од 1,4 милијарди долари. Добил уште стотина милиони долари од тужби и од продажба на брендирани часовници, Библии и голф-палки. Како претседател, не е предмет на федералните закони за судир на интереси.

Пакистан почна војна против глувци... во парламентот

Меѓу сите егзистенцијални проблеми со кои се справува Пакистан, пример е на раб од економски колапс и некои посебно уникатни за него, експлозија на популацијата на магариња, земјата се сврте кон чистење на својот парламент од глувци.

Во Германија сè повеќе, од криминал

И повеќе шверц со бело робје и повеќе грабежи и повеќе насилство покажуваат последните официјални германски статистики според кои криминалот во земјата општо е највисоко ниво од 2012.

Дали сега имаме доказ дека Украина го рокна Северен тек?

Кога Северен тек беше уништен во септември 2023, најблискиот советник на Зеленски, Микаило Подолјак тоа го прогласи за терористички напад испланиран од Русија и акт на агресија кон ЕУ, со цел да ја дестабилизира економската ситуација во Европа и да предизвика паника пред зимата.

Џабе стануваш директор, ако не станеш вака директор

Старбакс деновиве објави дека нашле нов ЦЕО по име Брајан Никол, кој го украдоа од ланецот на ресторани Чипотле, и тоа со понуда од 113 милиони долари, плус, до сега нечуена повластица во американскиот корпоративен свет, можност да работи од дома.

Зошто млади и кул луѓе пак фаќаат да пушат?

Од денешната млада и кревка генерација која знае беспоговорно да слуша авторитети, особено во врска со здравјето, најмалку се очекуваше да се фати за цигара. Нема место за паника, бидејќи оние кои пушеле многу повеќе од нив, создале патишта, железници, книги и филмови кои уште се користат и во кои уште се ужива. Дали пушењето можеби е првиот знак на независност на „снегулките“ од естаблишментот? 

Зошто еспресото во Италија уште е само едно евро?

Деновиве објавивме цена на еспресо во ресторан во Италија и штом го асоциравме со цените во Охрид, беше јасно дека ќе се добијат коментари од типот „Одете таму, ако не ви чини“. Еден дури тврдеше дека внесуваме раздор меѓу луѓето, хихи. Но, да видиме на што се должи ниската цена на еспресото во Италија. Главно на неколку работи: регулатива, традиција и култура. 

Наредбата беше едноставна: денес ја напаѓаме Русија

Украинците кои беа во првиот бран од инвазијата на Курск тврдат дека наишле на многу малку првичен отпор од руската армија, пишува британски Тајмс.

Секое четврто дете тргнува во школо со пелени

Учениците во почетните одделенија во просек губат по една третина од времето за учење затоа што наставниците своето време го користат за да им помогнат на децата кои не се подготвени за на училиште, пример, уште се во пелени.

Киев сака, Лондон сака, Вашингтон не дава

САД ја блокираат Украина во користењето на британските проектили со долг домет на руска територија, иако Британија пред некое време објави дека е подготвена да се согласи за истото.

Германија ќе ја преполови воената помош за Украина

Најсилната европска економија оваа година одвои осум милијарди евра за Украина. Во буџетот за наредната година планира оваа ставка да биде преполовена на четири милијарди евра. Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, објасни дека неговата земја претпочита идното финансирање на Украина да доаѓа од замрзнатите руски средства а не од федералниот буџет на Германија.

Нашата микробранова има своја заедница микроби

„Екстремофили“ се организми кои можат да преживеат, па дури и да напредуваат, во најсурови средини, вклучително во вжарените хидротермални отвори, мразот на Антарктикот и огромни притисоци на Земјината кора. Сега се откриени во многу подомаќински амбиент: микробрановите печки.

Една четвртина од оние во кома се свесни!

Најмалку една четвртина од луѓето кои имаат тешки повреди на мозокот и не можат физички да одговорат на команди се всушност свесни, обелоденува првата меѓународна студија од ваков вид. Иако овие луѓе не можат, на пример, да кренат палец за да потврдат нешто, тие постојано покажувале мозочна активност кога бивале замолени да замислат како се движат или вежбаат.

Во Газа Израел стигна до кај што можеше

Воено Израел во Газа постигна сè што можеше, а продолжувањето со бомбардирање само ја зголемува опасноста за Палестинците без речиси никакви можности за дополнително слабеење на Хамас, ја пренесува Њујорк тајмс изјавата на висок американски функционер.

Камала потрошила 10 пати повеќе на дигитални реклами од Трамп

Откако Џо Бајден се откажа од претседателската трка на 21 јули, Камала Харис потрошила 57 милиони долари само на реклами на Гугл и Мета, споредено со околу 5,6 милиони потрошени од Трамп.

Дизни се дно

Дизни се обидува да се извади од тужба за смртта на една докторка која умира во нивен ресторан заради алергиска реакција, посегајќи по бескрупулозно апсурдни аргументи, имено, сопругот бил претплатник на Дизни+ стриминг сервисот.

Би-би-си повторно покажа дека знае да удене избор на репотрер

Во мртвата трка кој ќе биде најголемото човечко дно што некогаш било ангажирано пред камерите на Би-би-си се вклучи поранешниот зоолог на Би-би-си Адам Бритон кој се снимал себе си како силува и измачува кучиња, за што доби 10 години затвор.

Не е добро цело време да знаеш како си

Носењето паметни часовници и слични уреди кои постојано го следат вашето здравје, со константните апдејти за твојата состојба во крајна линија знаат да ве направат многу поанксиозни околу сопственото здравје, што пак е штетно за истото.

И Камала Харис може да е проблем за Украина

Иако Харис имаше еден крајно симплифициран став за руската инвазија, далеку поголем проблем за Украина е што таа и Зеленски имаат прилично напнати односи, пишува британски Телеграф.

Внатрешна криза се заканува со колапс на БИРН

„Познатиот пропаганден аутлет на Балканот, кој директно е надгледуван од британската владина агенција која Ројтерс еднаш ја означи како „проширување на меката моќ на надворешната политика на Обединетото Кралство“, се чини дека е на работ на колапс по големиот раскол меѓу членовите на персоналот и лидерство“, пишува Грејзон на основа на протечени внатрешни меилови на БИРН.

Германија бара украински нуркач поврзан со Северен тек

Германија издаде европска потерница против украински инструктор за нуркање, осомничен дека бил дел од тимот што ги разнесе гасоводите „Северен тек“, пренесуваат германски медиуми. Се работеше за досега невиден чин на индустриски тероризам со ужасни еко - последици: во атмосферата беа испуштени 478.000 тони метан.

Инвазијата на Курск покажа колкав е проблемот на Русија со нови регрути

Се поголемиот недостаток на војници за војната во Украина ја натера Русија да ги зголеми бонусите за нови регрути, како не би објавила нова мобилизација. За сега има малку знаци дека тоа им успева, пишува Блумберг.

Брисел против Брисел

ЕУ го обвини сопствениот министер за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, дека на своја рака го објавил писмото во кое на Илон Маск му се заканува со казна доколку содржината објавена на Твитер не е во согласност со правилата на ЕУ.

Русија се накрцкала со милијарди долари и евра во кеш

Од мрт 2022 година, кога ЕУ и САД воведоа финансиски санкции кон Русија, Москва успеала да набави најмалку 2,3 милијарди долари и евра во готовина, покажуваат царински податоци до кои дошол Ројтерс. Огромна набавка на кеш на вредните западни валути била изведена во месеците пред да почне инвазијата.

Да не се хиспаносите САД нема да мрдне со популација

Над 90% од растот на населението во САД од почетокот на пандемијата во 2020 до средината на 2023 доаѓа од хиспанската популација во земјата, покажува анализата на тамошниот Завод за статистика.