Петицијата која беше започната на 20 ноември без никаков проблем стигна до границата од 100.000 гласови, со што ги исполнува условите Парламентот да ја разгледа можноста за дебата на темата на која се однесува петицијата.
Милионите потписи се собрани под пораката:
„Би сакал да има уште едни општи избори. Верувам дека сегашната влада не ги исполни ветувањата што ги даде пред последните избори.“
Официјалната верзија е дека петицијата ја започнал гласач на Конзервативците, кој бил исфрустриран од лабуристите и очекувал да добие неколку дузини потписи.
Законски процедура е дека петициите започнати од британски граѓани, на 10.000 потписи добиваат одговор од владата, а на 100.000 може да бидат дебатирани во Парламентот. Сепак, тие немаат никаква вистинска моќ да го присилат парламентот на нешто.
Запрашан за петицијата, премиерот Кир Стармер само порача дека секогаш ќе има голем број луѓе кои нема да ги поддржуваат Лабуристите и дека секако голем број Британци не гласале за нив.
Во 2019 петицијата за поништување на Брегзит собра 6 милиони гласови и ништо не смени.