Вселена: Го праќаш Обама, ти се враќа Бајден

Научниците го проучувале когнитивното однесување на астронаутите кои поминале шест месеци на Меѓународната вселенска станица и дошле до некои фасцинантни, но истовремено и загрижувачки откритија. Нешто не е во ред со мозокот на астронаутите за време на таа половина година мината во ниската орбита на Земјата.

Како што е наведено во трудот објавен во списанието Frontiers, тимот предводен од истражувачот од Лабораторијата за однесување и перформанси на НАСА, Шина Дев, открил дека когнитивните способности на астронаутите не биле значително нарушени по враќањето на Земјата.

Меѓутоа, низа тестови покажале дека нивните когнитивни способности биле видливо забавени за време на нивниот престој во вселената.

Брзината на обработката на информациите, визуелната работна меморија, одржувањето на вниманието и склоноста за преземање ризици се најчувствителните когнитивни домени на промените во ниската орбита на Земјата. Притоа, на вакви промени особено биле подложни висококвалификуваните професионални астронаути.

Резултатите се смирувачки бидејќи какви и промени да се  доживеат во вселената, се чини дека тие не се трајни.

Забавените перформанси во оддржување на вниманието се забележани само во раната фаза на мисијата а забавената брзина на обработка на податоците не се враќа сè до завршување на мисијата и враќање на Земјата. Најмалку погодена е меморијата.

26 ноември 2024 - 11:14