Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Сите се униформно уникатни

Во една од најдобрите одбрани на модната индустрија Мерил Стрип и реплицира Ен Хатавеј (во Ѓаволот носи прада), дека тоа што таа мисли дека нејзината облека е случаен избор и некаков бунт против модата, всушност е внимателно избрана комбинација од луѓе од модната индустрија. Околу уникатноста во начинот на кој што се облекувате свој коментар има и еден холандски фотограф кој оди во најразлични градови низ светот и фотографира пешаци.

Од меилови да ти пукне глава

Во Сони пикчрс почувствувале дека може да биде проблематично дури и сатирично експлодирање на глава на моментално жив човек, кој, патем, држи прст на нуклеарно оружје. Најлесно им било да пишат меил.

Мили ми се луѓето, ама греота паткиве?

Во неизмерен гест на добрина жена застанува на автопат во лева лента за да им помогне на неколку патки безбедно да минат на другата страна. Се случуваат три работи: 1. ги спасува патките, 2. во нејзе се удира еден моторџија и неговата малолетна ќерка кои загинуваат од ударот, 3. затоа што било греота за жената, таа добива помилување од судот.

Дедо Мраз од Бардовци

Малата не може да се помири со тоа дека не постои Дедо Мраз па паѓа во вистинска депресија при што помислува и да си го одземе животот. Девојчето се вика Лин Касиди, мајка е, и има 54 години.

Кодексот на тројката

Магазинот Татлер важи за библија на британската висока класа, а го читаат и љубопитни луѓе кои би да видат како живеат оние кои животот ги погалил повеќе од нив. Во последниот број, објавија правила за однесување во сексуални тројки.

ЦИА гледа, Менгеле вади

Експериментирањето над луѓе е една од клучните карактеристики на програмата на ЦИА за измачување, и ако по оваа основа се изврти целата работа ќе може од ЦИА да се бара одговорност заради прекршување на научна и медицинска етика.

Тајниот свет на украдени смартфони

Кон крајот на мај 2012-та, во магацин на ФедЕкс во Калифорнија еден оштетен пакет се распаѓа пред очите на вработените и од него излегуваат десетици неотворени Ајфони. Вработените го контактираат Епл, од каде им потврдуваат дека станува збор за уреди кои ќе завршат на црниот пазар.

На Белата Куќа ѝ треба повисока ограда

Панел експерти утврдиле катастрофални фалинки во безбедноста на првиот периметар околу куќата во која живее американскиот претседател. Таканаречените елитни единици вежбале само по 25 минути годишно.

Хакуна матата vs. интелигенција

Потенцијалот со денови да не спиеш и да се грижиш за најразлични работи е (некако) директно поврзан со одреден вид на интелигенција. Позитивно поврзан.

Убаво е да си пријател со Путин

Двајца пријатели на Путин, еден од детството, обајцата санкционирани од Запад заради врски со рускиот претседетел, обезбедија договори со државата вредни преку 8 милијарди долари.

5-те највредни пасоши во светот

На планетава има 219 држави и територии за во кои ти треба пасош. Максимумот што можеш да го извадиш во истражувањево е патување без виза во 218 дражви (едната што останува е твоја). Најдобриот резултат годинава е 174 држави, со македонски пасош без виза те примаат во 106.

Чешка го прогласи комарот за дрога

Илегалната коцка ќе се третира како дрога и влегува во новата национална кампања за борба против зависностите. 

Фудбалогледачите

Една од главните пасии на Катарците е да му покажат на светот колку се напалени на спортови. Од мерак за фудбал емирот на Катар го купи ПСЖ, а уште го трпат резилот дека го наместиле изборот за домаќин на СП 2022-ра. И покрај сето ова главна мака им е како да направиш да изгледа дека луѓето стварно одат на фудбал, во земја каде што е неиздржливо да одиш каде било. Тука на ред доаѓаат илјадниците имигранти работници.

Сони ја откажа кино премиерата на Интервјуто

Прво им понуди на кината сами да одлучат дали ќе го пуштаат филмот. Откако кината масовно се решија да не го пуштаат, Сони одлучи да го повлече закажаниот датум за премиера и да чека да минат божиќните празници.

Зошто почнавме да правиме џиновски големи бродови

Шел од Самсунг (да прават и бродови) го нарача најголемиот брод во историјата на човештвото, се вика Прелуд, долг е 488 метри (подолг од 4 фудбалски стадиони) и има волумен колку 6-те најголеми носачи на авиони во светот заедно. Им треба за природен гас.

Колку е вистинита Татковина, според агенти на ЦИА

Понатамошниот текст содржи масовни спојлери за 4-та сезона од серијата. Автори се Чак Коган и Џон МекГафин, кои заедно имаат 60 години оперативно искуство во ЦИА. Коган е поранешен раководител на оперативната дивизија на ЦИА за Средниот Исток и Јужна Азија, додека МекГафин е поранешен заменик директор за операции на ЦИА, и поранешен раководител на оперативната дивизија Централна Евроазија, а исто така е и консултант за 4-та сезона. Пак, многу спојлери.

Како Пантеон уште стои?

Римскиот Пантеон е изграден во 2-от век од нашата ера, и во основа е масивна бетонска зграда покриена со 43 метри висока купола, и како таков речиси 2000 години пркоси на се и сешто што се случува во Рим.

Зошто рубљата колабира

Во рок од 24 часа вредноста на рубљата падна за околу 19% што е најголемиот пад во последните 16 години (од времето пред појавувањето на Путин). Сега Русите гледаат на секој начин што можат да ги потрошат парите на некоја скапа стока или да ги заменат за странска валута.

Новиот нов светски поредок

За прв пат по над 140 години (од 1872-ра), САД повеќе не е најголемата економија на светот. Новиот господар е Кина, барем според бројките на ММФ.

Во името на чистиот воздух, нè отруја

Додека расправаше како да ѝ се помогне на планетата Земја, светската климатска елита произведе јаглерод диоксид колку една африканска држава.

Шовинизам во машката геј култура?

Иако изгледа како непробојно од неодамна почна да се развива сериозна дебата на тема пријателство меѓу геј мажи и хетеросексуални жени. Забелешката е дека геј мажите се генерално кратковиди околу правата на останатите угнетувани групи, и дека нивниот однос кон жените за многумина е шовинистички (секако, на различен начин од шовинизмот на стрејт мажите).

Лиса Ан се пензионира

Со рачно напишано писмо објавено на нејзиниот Фејсбук профил Лиса Ан објави дека ја завршува својата порно кариера. Актерката има 42 години и 445 порно филмови. Фала и за целиот труд.