Клинички ѝ е утврдено дека страда од сезонска депресија, предизвикана од шокот за Дедо Мраз кој го доживеала во своето детство.
Секој декември Лин Касиди редовно паѓа во депресија со суицидални мисли, ситуација која трае од нејзината 10 годишна возраст кога од нејзините родители открила дека Дедо Мраз не постои.
"Не можам да кажам дека имав најсреќно дество, но барем на тој ден моето семејство беше среќно. Дедо Мраз даваше смисла и ме топлеше идејата дека ме сака некој што не мора да ме сака. Без него, божиќните празници се бесмислени," вели 54 годишната Лин, инаку мајка која има две деца на 30 и 25 годишна возраст.
За да може да се справи со ужасната вистина, години наназад, Лин Касиди почнува да зема антидепресивна терапија два месеца пред Божиќ.