Преку меил тешко се решаваат проблеми со експлодирање било чија глава, особено ако е тоа глава на претседател на држава која поседува нуклерано оружје.
Но, верувале дека со пар меилови наваму - натаму ќе го решат проблемот. Сè она што се случи околу повлечениот филм "Интервјуто", сведочи колку погрешно процениле.
Имено, кога во септември,Ејми Паскал ја споделила загриженоста на јапонскиот штаб на Сони Пикчрс околу забавеното гинење на Ким Јонг Ун на песна од Кејти Пери (Firework), режисерот Сет Роген понудил да ја направи сцената помалку крвава:
"Моментално има четири изгореници на неговото лице. Ќе исфрлиме три, ќе остане само една а ќе го намалиме и горењето на косата за 50 проценти."
Следниот месец ѝ пратил меил со тема "Фацата на Ким средена" во која ја известува дека целиот втор бран од парчиња глава што летаат е изваден a подоцна и техничар за специјални ефекти додал дека "затемниле боја и експлозијата ја направиле помалку месеста а повеќе надреална." Нејасно е што е "надреално" во филм кој се врти околу многу реален човек и држава, пишува Атлантик.
"Ние го гледаме името на Сет Роген на филмскиот постер и јасно ни е дека не е тоа сериозно. Корејците тоа не го гледаат така. Ние се зезаме со сешто, но на луѓе од други држави тоа им изгледа сурово и омаловажувачки," ги сумира недоразбирањата меѓу Америка и светот еден американски филмски режисер.
Досега само на Саут Парк им успеа да протнат слична финта, кога го "убија" таткото на Ким Јонг Ун (практично, не го обија бидејќи Ким Јонг Ил се претвори во вонземна бубашваба).
Други артисти со слични идеи биле многу повнимателни. Дури и за еден консензуален злотвор како Адолф Хитлер, Чарли Чаплин искористи непостоечко име (Аденоид Хинкел) во Големиот диктатор.
Саша Барон Коен се консултирал со арапски политичари кога го форматирал ликот на Адмирал Генерал Хафаз Аладин од република Вадија, во кој може да се препознае Моамер ел Гадафи. Кога сфатил дека Гадафи сè уште е опасен, за да може да снимаат таму направиле фин трик издавајќи соопштение дека филмот се базира врз книга за животот и делото на - Садам Хусеин.
Американскиот режисер и автор на книгата "Повеќе од филм: Етиката во забавата" Мигуел Валенти смета дека режисерот сепак внимателно ја одбрал својата мета. Ако денес постои лесна и безбедна мета на еден американски филм, тогаш е тоа Северна кореја и Ким Јонг Ун бидејќи се работи за изолирана земја со која не може дополнително да се нарушат некакви политички односи (бидејќи ги нема) а и финансиски не може да му наштети на филмот чии продуценти и онака не сметаат на пари од севернокорејскиот филмски пазар.