На Прелуд ќе биде вградена пловечка рафинерија која ќе може да преработува течен природен гас (ТПГ или LNG). Обично овој процес (кој го прави гасот 600 пати помал по волумен) се спроведува на земја и преку гасовод се доставува за превоз до бродовите.
Прелуд ќе биде паркиран (барем во следните 25 години) над наоѓалиштата на природен гас во близина на австралискиот брег, каде што директно ќе биде полнет со гас, кој ќе го преработува "во од" додека патува кон азиските пристаништа. Тој исто така може да биде паркиран над наоѓалиштето и да служи како платформа која ќе полни други ТПГ носачи.
Паралелно со Шел, Грците годинава потрошија рекордни 1,8 милијарди долари на купување 11 нови носачи на ТПГ. Овие бродови чинат околу 200 милиони долари по парче и се барем 3 пати поскапи од бродови со слична големина. Нивното купување најчесто се поврзува со скапи договори за транспорт на гас.
Актуелноста на овие бродови се должи на бумот во вадење природен гас во САД. Секоја година од 2011-та Американците поставуваат нов рекорд во производство и се очекува дека следната година ќе им станат конкуренција на Австралија и Катар во извоз на природен гас во светот. Токму за ова на Американците им требаат овие бродови.