26-годишната Ема Цорнобај доби доживотна казна затвор за предизвикување на сообраќајката. По ова се организираат он-лајн петиции, кои резултираат со промена на казната од доживотна во 90 дена затвор, забрана за возење на 10 години и 240 часа општествена работа. Затворската казна ќе ја отслужува за време на викенди.
Аргументот на луѓето кои бараа попустливост во однос на Цорнобај е дека тоа што доживотно ќе се казни девојката нема никако да ги врати убиените татко и ќерка. За време на судењето и по него, мајката на Цорнобај објаснила дека сообраќајката комплетно го променила животот на нејзината ќерка.
По промената на казната, адвокатот на Цорнобај изјавил само дека неговата клиентка била глупава, меѓутоа не направила ништо од зла намера.
Сообраќајката се случила на 27-ми јуни 2010-та, кога Цорнобај застанала на автопат во близина на Монтреал, за да почека да минат патките. Додека чекала во неа со моторот се удрил Андре Рој. Првично Цорнобај на полицијата и кажува дека имала пуштено четири жмигавци, за подоцна сведоците во судењето да го негираат ова.
Семејството на загинатите изјавиле дека Цорнобај никогаш не покажала сочувство кон нив, и ниту еднаш не се обидела да им покаже дека се кае за својата постапка и дека за време на целото судење ниту еднаш не ги погледнала во очи.