5-те највредни пасоши во светот

На планетава има 219 држави и територии за во кои ти треба пасош. Максимумот што можеш да го извадиш во истражувањево е патување без виза во 218 дражви (едната што останува е твоја). Најдобриот резултат годинава е 174 држави, со македонски пасош без виза те примаат во 106.

5. Данска
Со дански пасош не ти треба виза или добиваш виза на пристигнување во 173 држави, вклучувајќи ја во основа цела Европа и Америките. Како сопственик на пасош на една од најбогатите држави во светот исто така имаш неограничен пристап до комплетната Шенген зона.

4. Обединето кралство
Со пасошот имаш безвизен пристап до 174 држави во светот. Главен недостаток на пасошот е што Обединетото кралство не е член на Шенген зоната, што значи дека треба да покажат пасош на влегување во континентална Европа. Плус им треба виза за неколку држави во Источна Европа.

3. Германија
Предноста на првите три пасоши во однос на Британскиот е што тие се дел од Шенген зоната. Германците со својот пасош без виза влегуваат во 174 држави.

2. Шведска
Сите скандинавци одлично минуваат со пасошите. Шведскиот без виза те носи во 174 држави, плус имаш одлична репутација како турист / патувач. Сепак, со него ти треба виза за Индија, и имаш помалку безвизни опции во Африка и Југоисточна Азија.

1. Финска
Ова е највредниот пасош на светот. Имаш безвизен пристап во 174 држави, вклучувајќи и некои што не се достапни со кој било друг пасош. Иако е речиси нерешено за првите три места, со Германија и Шведска, предноста на финскиот пасош е што нуди безвизен пристап до почесто користени дестинации како Индија и Виетнам.

18 декември 2014 - 14:36