Во Чешка постојат 7,5 играчки машини за коцкање на 1.000 жители, размер кој е многу повисок отколку во соседните Словачка, Германија и Пoлска. Земјата веќе се смета за рај на слот машини.
Во 20120-та година Чесите потрошиле неверојатни 500 милиони евра на регистрирани онлајн кладилници а се проценува дека уште најмалку толку дале на неоданочени сајтови за комар.
Се проценува дека 170.000 Чеси се навлечени на коцка а 80.000 веќе имаат развиено сериозна зависност.
Новата стратегија за борба против зависностите во која се планира двојно зголемување на даноците ќе важи до 2018-та.