"Длабоко сме нажалени од овој дрзок обид да се спречи дистрибуцијата на филмот, и притоа да се нанесе штета на нашата компанија, нашите вработени и на американската јавност. Ние стоиме зад нашите филмаџии и нивното право на слободен говор и сме екстремно разочарани од овој исход," пишува во соопштението на Сони.
Неколку часа по соопштението околу кино премиерата, портпаролот на студиото објави дека Сони "нема понатамошни планови" за објавување на комедијата, ниту на онлајн сервиси, ниту на ДВД. Снимањето на филмот што за сега нема да се објави чинеше 42 милиона долари.
На соопштението му претходеше објавување на уште еден пакет украдени информации, и закана со насилство за киносалите кои ќе го прикажуваат филмот и публиката која ќе оди на него.
"Светот ќе биде полн со страв. Се сеќавате на 11-ти септември 2001. Ние ви препорачуваме да бидете што е можно подалеку од тие места во тоа време. (Ако вашата куќа е некаде во нивна близина, тогаш подобро да си одите)," порачаа хакерите од Чувари на мирот (луѓето што го хакнаа Сони), во својата последна порака.
По ова американското Здружение на сопственици на кино сали, им порача на своите членови дека секој може да прави како што ќе реши. Мнозинството се одлучи да се откажат. Најголемите синџири на кино сали во САД, во соопштение изјавија дека нивната одлука за повлекување во добар дел се должи и на недовербата на Сони во филмот.
Наводно ова е сцената што ги има извадено Корејците од такт: