Примерот во текстот на Њу Рипаблик е со блогерот Хилтон Перез, "чие исмевање на модата, шминката и животниот избор на славните жени многумина го сметаат за шовинистичко." Тие наведуваат и неколку пример за тоа како во минатото ЛГБТ движењето е обвинето за полова дискриминација и расизам, по основа дека меѓу ликовите и гласовите на движењето обично доминираат фотогенични бели мажи.
"Секако хуморот на геј мажите флертува со мизогинија. Од озборувањето за дрољи на блогот на Хилтон, до однесувањето на учесниците на Drag Race на РуПол, геј мажите одамна е познато дека користат врста на политички некоректен брзи досетки и одговори, кои често на крај ја исмеваат жената. Меѓутоа мизогинијата не се манифестира само во шегите. Кој меѓу ЛГБТ заедницата може да тврди дека не ги познава следниве типови на геј мажи: мажи чиј општествен круг се состои само од други геј мажи. Мажи кои рутински зборуваат дека делови од телото и сексуалноста на жените им се одвратни. Мажи кои изразуваат аверзија кон лезбејки, или имаат тенденција да прават стереотипи кон нив или да ги отфрлаат нивните грижи. Мажи кои пишуваат 'no femmes' или, уште полошо, 'глумат стрејт' на своите Гриндр профили. Мажи кои своите најдобри пријателки ги нарекуваат 'fag hags' и 'fruit flies' и на кои постојано им префрлаат додека ги влечат по геј барови и клубови?
Ова секако е ограничено. Не сите геј мажи го прават ова, ниту пак најголемиот дел од нив. Ама ако знаме за примери за вакви мажи во нашата околина, нели има потреба да престанеме да се однесуваме како се да ќе биде во ред? Движењата за геј правата претежно успеаа да го убедат светот дека ЛГБТ луѓето се 'нормални' ама, можеби како нуспојава на овие асимилациски тенденции, тоа со себе донесе одреден несреќен багаж поврзан со меинстрим културата, вклучувајќи и мизогинија. Желбата да се биде меинстрим често пати значи и потклекнување пред очекувањата на доминантната култура, во овој случај хетеросексуалната култура на белите мажи која рутински ги гледа жените како послаб, поемотивен, и поповршен пол. Геј мажите се уште ги исмеваат за нивните тенденции да бидат театрални, демонстративни и емоционални - односно 'женствени' и 'слаби.' Тогаш треба ли да не изненадува што толку многу геј мажи го имаат присвоено овој критицизам, и во обид да ја демонстрираат својата лична 'машкост,' ги понижуваат жените?" пишува Ерик Сасун во својата анализа во Њу Рипаблик.
Тој го споменува се уште необјавениот документарец Do I Sound Gay?, во кој геј мажите зборат за своите несигурности и одбивноста на самата геј заедница кон мажи кои "звучат геј." Во него авторот (Дејвид Торп), по некое време сфаќа дека процесот на "објаснување" на гласовите на геј мажите самиот по себе е нуспроизвод на внатрешна хомофобија, како и мизогинија. Тој има и разговор со комичарот Дејвид Седарис, инаку прилично лагоден околу сопствената сексуалност, кој објаснува дека кога некој ќе му каже дека тој не звучи геј, него му доаѓа убаво. Ни тој не знае зошто.
"Веројатно геј мажите немаат минато преку тоа. Меѓу геј мажите и до ден денес постои тенденцијата да се фетишизира хипермажественост, да се величаат 'активните' и 'пасивните' и да се потценуваат мажите кои се женствени, и покрај фактот што овие чувства несомнено делумно се одговор на коментарите кои им биле дофрлани кога биле млади. Изгледа како да е природно, кога еднаш ќе ти се всадат овие чувства на неадекватност и самопрезир, да посакаш да демонстрираш пред сите дека ти не си она што другите луѓе го зборат за тебе, или уште полошо, дека не си толку чуден како другите геј мажи, посебно ако самото племе од кое си дел изгледа дека се согласува со овие претпоставки како и стрејт културата.
Ама треба да се запамети дека милиони геј мажи силно ги поддржуваат жените во нивните акции и верувања - на пример преку политичката приклонетост или гласање - и демонстрираат изразено феминистички поглед на светот. Важно е да се направи разлика меѓу мизогинијата која геј мажите ја демонстрираат од онаа која доаѓа од хетеросексуалните мажи, онаа што се поврзува со сексуална злоупотреба, култура на силување, политичко угнетување и насилство. За геј мажите мизогинијата изгледа како да е родена од потсвесната желба да се биде прифатен - од нивната геј средина и целото општество, кое им има кажано дека не е пожелно да звучиш 'феминизирано' и дека да се биде маж значи да ги исмеваш или омаловажуваш грижите и проблемите на жените. На некој начин ова е само продолжување на машката срејт култура, во која геј мажите едноставно прават она што општеството очекува сите мажи да го прават... Дури и аверзијата кон лезбејките што некои геј мажи ја имаат може да биде припишана на одбивањето на овие жени да ги следат половите норми," објаснува авторот на Ctrl-Alt колумната.