Објектот е направен речиси комплетно од бетон, без арматури и челик, што само по себе е доволно за да преплаши кој било денешен архитект. Во овој период објектот преживува земјотреси, варварски инвазии и 2000 години изложеност на природа.
Со години консензусот меѓу научниците е дека има нешто посебно во бетонот со кој е направен Пантеон, ама не се баш сигурни што. Досегашните претпоставки се дека во смесата за бетон била додавана вулканска прашина.
Нова студија прави анализа на римскиот бетон за да открие зошто тој е толку отпорен. Резултатите ги потврдуваат досегашните сомнежи дека клучни состојки се комбинација на варовник и вулкански пепел. Анализирајќи го рецептот за правење малтер оставен од римскиот архитект од првиот век Витрувиј, научниците заклучуваат дека тој содржи и "густи групи од издржливиот минерал стратлингит."
"Кристалите се формираат заради реакцијата која со тек на време се случува меѓу варовникот и вулканскиот пепел во малтерот, кој помага во спречување на ширењето на микроскопски пукнатини и ги засилува цементот," објаснува Гејл Суливан во Вашингтон пост, според кој овие кристали се нешто слично на микровлакната кои се додаваат во денешниот цемент, само што античкиот материја создава далеку подобро засилување и е поотпорен на корозија.