Вести

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

И неа ли сега да ја мислиме?

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Речник

Трамп размислува за нуклеарка за Иран?

Драматично предупредување на поранешната конгресменка Мерџори Тејлор Грин - дека на стратешките состаноци во Вашингтон се дискутира и за употреба на нуклеарно оружје против Иран, за конечно да се добие војната за која Трамп се изнавергла дека е добиена. Тејлор Грин беше ептен про-Трамп и МАГА и Америка на прво место, додека не почна да зборува за Епстин и други незгодни теми по што падна во немилост. 

Што би правеле мигранти во англиско село ако нема бордел?

Поранешната конзервативна пратеничка Едвина Кари го сврте вниманието на британската јавност со нејзините коментари и предлози во врска со најавата дека во едно рурално место во Англија ќе бидат сместени преку илјада млади машки баратели на азил. Сосема сериозно Кари предложи да им се понуди и јавна куќа, и за нивно и за општо добро на околината.

Хју Хефнер со години џабе го кажувал Епстин на ФБИ

Основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, во неколку наврати го известувал ФБИ за Џефри Епстин и пријавувал дека една од убавиците од неговиот магазин бил сексуално злоупотребувана и тргувана од страна на контроверзно починатиот финансиер. Федералното истражно биро успеало да ги игнорира ваквите предупредувања на Хефнер за Епстин цели 15 години. 

Мрзи праисториски

Едно од новите објаснувања за изумирање на некои од останатите гранки од хомо родот, и крајниот успех на хомо сапиенсот, е дека овие другиве сите работи ги терале како со најниска цена да фатиле државен тендер.

Турците прекратија маркетинг буџети за американски медиуми

Националниот авио-превозник и еден од најголемите телеком оператори, Туркиш ерлајнс и Турк телеком, го повлекоа целиот свој буџет за рекламирање во американските медиуми како одговор на кризата што периодов се билда меѓу двата НАТО сојузници.

Најголемиот дел од солта што ја јадеш не доаѓа од твојот соларник

Кога просечниот Американец комплетно би ја елиминирал солта што ја додава при готвење и јадење дома, тие би намалиле само 11% од вкупниот внес на сол.

Што му се случи на мостот во Џенова?

За експертите прерано е да се знае што точно го предизвика рушењето на Моранди мостот во северно-западна Италија во кој загинаа најмалку 35 лица, ама имаат приближна претстава како најверојатно катастрофата се има случено.

Американската влада раскрсти со Хуавеи и ЗТЕ

Трамп потпиша закон со кој на американската влада и на сите компании и изведувачи што работат за владата им е забрането да користат технологија од двете кинески компании. И ова е од чисто безбедносни (шпионски) причини.

Гугл го следи твоето движење, сакал ти или не

Ако мислиш дека Гугл престанал да те следи само затоа што така си му рекол и си исклучил „Location history“ на телефонот има многу да се изненадиш.

Дали никотинот е штетен?

Џул е нова налик УСБ стик електронска цигара која достигна неочекувани нивоа на популарност на американскиот пазар, и, заради својот дизајн, изглед и ним разбирливи причини, има посебен успех кај малолетната публика, што е основа за Верџ да направи една ревизија на никотинот како супстанца.

Саудиска Арабија ќе ја финансира „приватизацијата“ на Тесла

Елон Маск минатата недела објави дека сака да ја тргне Тесла од берзата и да ги откупи акциите што моментално се во оптек. По една недела чудење како се приватизира компанија чија вредност се проценува на 70 милијарди долари, излезе дека Саудијците веќе некое време го контактирале Маск.

Кафулето наречено сатар и туристите што не читаат ценовници

Турист прави цела драма на интернет откако за време на посетата на Венеција кафуле му наплаќа околу 50 долари за две еспреса и две газирани води од 0,25.

Нема подобар неоригинал Самсунг од Шаасуивг

Потребно е посебно ниво на храброст и крајна игнорантност кон адвокати и тужби за да градиш бренд базиран на лажно Самсунг лого. Сето ова за сега го поседува Шаасуивг.

Вие како сакате, ама Борис Џонсон ќе биде следниот премиер на Британија

Во некој погоден дел кон крајот на летото, истрагата за исламофобијата на Борис Џонсон тивко ќе приврши со изјава како тоа неговите пишувања се неразумни и невкусни, меѓутоа дека и покрај тоа тој нема да биде избркан од партијата. Во тој момент, Борис ќе може да ја официјализира својата амбиција за главната позиција на бр. 10.

Зошто престанав да гледам „Минатата недела вечерва“

Првата година од владеењето на Трамп Портокаловиот беше подарок за комичарите, но сега полека почнува да се претвора во клетва.

Није мене Верди убио

„Што фина комшика имаме, само Џузепе Верди слуша“, си помислиле соседите во едно словачко маало пред 16 години. Деновиве истата комшика е во притвор затоа што сето тоа време, секој ден им го рокала Верди. По 16 часа на ден.

По ново, солта и не била толку лоша

Научна студија рехабилитира еден од трите бели смртни непријатели на човекот (сол, шеќер, бело брашно). Ич сол исто така е штетно по кардиоваскуларниот систем па - според нас - на сила останува старата добра водилка: да посолиш толку колку што треба за да ти е слатко. 

Седум основи по кои Американците ја правдаат својата дебелина

Кога ќе почнеш со алишта со неброени иксови на нив, наплаќање две седишта во авион и кино-седишта со вонредни димензии, нормално е да завршиш со пазар кој бара поголеми ковчези. Просечниот Американец денес е 6,8 килограми потежок во споредба со пред 20 години, а просечната Американка за истиот период има качено 7,7 килограми.

Ердоган ќе ја спасува лирата со Алах

Зборувајќи за падот на вредноста на лирата во однос на доларот, околу 10% во изминатите 5 дена, Ердоган се повика за финансиска стратегија која ама еднаш на никого никаде му нема помогнато: „ако тие го имаат нивниот долар, ние го имаме нашиот народ, нашата правда и нашиот Алах.“

Што е работата со вселенските сили?

Белата куќа официјално ја објави својата намера и план за формирање на вселенски сили, како 6-та гранка на американската војска. За почеток ова во пракса прво ќе значи тегнење на предлогот низ Конгрес во следните најмалку две години.

Заеби надеж, треба акција

Зборувајќи за мантрата од добата на Обама, Мајкл Мур промовирајќи го својот анти-Трамп документарец ја опиша „hope“ идеологијата на поранешниот американски претседател како „мрзливо решение“.

Како Елон Маск може да ја „приватизира“ Тесла?

Основачот на Тесла на Твитер напиша дека би ја тргнал Тесла од берзата откупувајќи го уделот на сите акционери по цена од 420 долари од акција. Не многу математика подоцна, излезе дека Маск за таков подвиг би требало да плати 50 милијарди долари.

100 дена трезност за 100 години независност?

Апелирајќи на традиционализмот и патриотизмот на Полјаците, полската црква побара 100 годишнината од независноста на државата да се прослави со 100-дневно апстинирање од алкохол. Голем дел од прозваните (трезвено) реагираат: тешко тоа.

Фејсбук плати плус 10 милиони долари за раатот на Зукерберг

Зукерберг, човекот кој е прилично лабав со сечија туѓа приватност, сопствената ја чува така што ги поседува сите четири куќи околу неговата куќа во Силициумската долина и купува 40 хектари земјиште околу викендицата на Хаваи притоа на сила иселувајќи ги локалците.

Австралиски должности и право да се поседува портрет од кралицата

На секој државјанин на Австралија по закон му следува портрет од актуелната британска кралица и истиот треба да биде обезбеден на сметка на државата.

Википедија и 40-те илјади научници што ги заборави

Вештачка интелигенција која скенира вести во потрага по превидени јавни личности состави список од 40.000 успешни научници за кои не постои никаков запис на бесплатната енциклопедија.

Грците незадоволни од тоа како почна кампањата за менување на името

Пишувајќи дека Владата започна со официјалниот дел од убедувањето на сопствениот народ да го смени името на сопствената држава, Грикрепортер не е ни најмалку воодушевен како сето тоа уште почеток изгледа издишано.