Правото на портретот е дел од нешто што се нарекува „програма за барања на гласачите,“ според која на секој полнолетен Австралиец му следува „национален материјал“ кој го опфаќа знамето на Австралија, снимка од химната на земјата и меѓу останатото и портрет од Кралицата Елизабета Втора.
Целата процедура се одвива преку пратеникот што те застапува во националниот парламент, и од тебе се бара само допис до неговата канцеларија во кој бараш да ти се испорача дел од националната иконографија. Освен кралицата, можеш да побараш да ти испратат портрет и од нејзиниот сопруг, принцот Филип.
Портретот е направен посебно за австралиска публика и на него кралицата нос беџ со австралискиот национален грб.
Програмата во оваа форма важи само за Австралија. Британците за истата услуга треба да платат, а Канаѓаните можат бесплатно само да ја симнат сликата.
Инаку, од целиот пакет, најбројни се барањата за знаме, додека портретот се случува да биде побаран еднаш годишно.