Под наслов „Кампањата за референдум за ’Северна Македонија’ започна со малку фанфари“ весникот со разочарување пишува дека ова не е придружено со никакви „очигледни знаци на активност од политичките партии и кампањи.“
Во текстот, во кој неколку пати се споменува „Северна Македонија“ (наспроти кампањите на македонската влада кои како поделена личност и понатаму пишуваат Македонија додека те убедуваат да гласаш за менување на името во Северна Македонија), зачуденоста е што и „За“ и „Против“ се крајно млаки во својот настап.
Тие дополнуваат дека референдумот на 30-ти септември ќе се однесува на кандидатурата на земјата во НАТО и ЕУ и прифаќање на договорот со Грција околу името.