Пишувајќи дека Владата започна со официјалниот дел од убедувањето на сопствениот народ да го смени името на сопствената држава, Грикрепортер не е ни најмалку воодушевен како сето тоа уште почеток изгледа издишано.
Во Атина на протестот на Грците против Македонија се појавуваат и Вајс и прават репортажата налик сето она што го создаваат западни медиуми кога се во прашање теми на периферијата на нивниот интерес - површно и со што е можно повеќе кадри од гужва. Она што е поинтересно од стилот на Вајс е приказната на Грците и прекршувањето на неколку наши стереотипи.
Да ја викаме „Скопје“ кога сме во Грција за да не попиеме бокс, а да ја викаме „Македонија“ кога сме во странство, за да не нè мислат луѓе дека сме идиоти.