Студија објавена во ПЛОС уан, објаснува дека хомо еректус константно имал пракса да забушава кого изработувал алатки и кога требало да собира залихи за преживување (храна / вода). Ваквата навика на овој вид научниците ја нарекуваат „стратегија на најмал напор“ и според нив тоа ги спречило да се адаптираат на климатските промени што почнале да се случуваат на Земјата.
„Тие воопшто не се труделе да напредуваат. Тие не биле заинтересирани за тоа што е зад хоризонтот, го немале истото чувство за заинтересираност како ние,“ објаснува главната истражувачка на студијата др. Цери Шиптон од Националниот Универзитет на Австралија.
Меѓу најдобрите примери за ваквиот менталитет на хомо еректус е тоа што тој правел алатки од кој и да е камен што му бил најблизок до него. На мала оддалеченост од локалитетите за кои се знае дека биле населени од овие примитивни луѓе е откриен далеку поквалитетен камен за создавање алатки „меѓутоа групата претпочитала да користи камен кој е послаб но бил малку поблизок до нив.“
На локалитетите се откриени докази и дека како што почнале временските промени и станувало се посушно, групата хомо еректус не сакала да ја промени својата тактика. Тие имале одбивност кон истражување, па одбивале да мрднат подалеку во потрага по вода откако нивните извори пресушиле.
„Доколку мрднале и малку подалеку тие би нашле нови извори на вода, но наместо тоа тие го трпеле недостатокот на вода и изумреле,“ ги пренесува Мајк Венер заклучоците од студијата.