Минатата година Фејсбук за приватното обезбедување на Зукерберг плаќа 7,33 милиони долари. Годинава оваа сума е зголемена за уште 10 милиони долари. Блумберг пресметува дека сумата што се плаќа за обезбедувањето на Зукерберг ја надминува годишната плата на добар дел од ЦЕО-та на топ 500-те компании на американската берза.
На страна тоа што се плаќаат речиси 20 милиони долари за негово обезбедување, платата на Зукерберг во Фејсбук 1 долар, и е тоа целиот надомест што го добива од компанијата (секако и понатаму поседува милијарди долари во акции на Фејсбук).
Најголемиот дел од парите се трошат на технологија која служи за обезбедување на домот и останатите објекти во кои престојува Зукерберг. Процената е дека околу 1 милион долари од сумата годишно се троши на телохранители за Зукерберг кои 24/7 се околу клиентот. Плус на ова се трошоци за обезбедување на семејството.
Сосема посебна екипа се грижи за дигиталната безбедност на клиентите и заштита на нивната комуникација и уреди, од смартфон до паметни фрижидери и ВЦ шолји.