Таг: марк зукерберг

Фејсбук плати плус 10 милиони долари за раатот на Зукерберг

Зукерберг, човекот кој е прилично лабав со сечија туѓа приватност, сопствената ја чува така што ги поседува сите четири куќи околу неговата куќа во Силициумската долина и купува 40 хектари земјиште околу викендицата на Хаваи притоа на сила иселувајќи ги локалците.

Прецедниче, алал да ви е

Во деновите по изборната победа против Хилари, Марк Закерберг лично му се јавува на Трамп за да му честита на него и на неговата кампања на победата, која потроши милиони долари на рекламирање на Фејсбук. Базфид објавува дека приватниот разговор е „само еден од серијата приватна поддршка на вработени на Фејсбук за начинот на кој кампањата на Трамп ја употребува платформата.“

Фоторепортерите ги фатија личните белешки на Зукерберг за сослушувањето

Во најновото поглавие од масовната показна вежба по приватност за Зукерберг, фотографите не му простија на основачот на Фејсбук што заборави да ја затвори папката со документи.

Што сè интересно кажа Зукерберг на сослушувањето

Зукерберг на спарингот со американските сенатори дојде добро навежбан и обучен се што и како треба да каже (наводно во подготовките минал и цело 4-часовно сослушување) околу сите работи кои со право или без му ги припишуваат на Фејсбук. Иако најголемиот дел од одговорите му беа по скрипта, имаше и доста ексклузивни новини во неговото сведочење.

14 години извинувања од Зукерберг не го поправија Фејсбук

Во 2003-та, една година пред основањето на Фејсбук, сајт по име Фејсмеш без дозвола ги собира сликите на студентите од интранетот на Харвард, па потоа на корисниците им нуди да ги рангираат по убавина. Ова јасно предизвикува гнев, по што сопственикот на сајтот брзо пушта извинување во кое нагласува дека не планирал ништо лошо „дефинитивно сега разбирам како моите намери може да бидат перципирани во погрешно светло.“ Сопственик на сајтот е тогаш 19-годишниот Зукерберг.

Седи, куме

Фејсбук има донирано за кампањите на 46 од 55-те членови на конгресниот комитет што следната недела ќе го сослушува Марк Зукерберг околу целото нарушување приватност што го прави неговата платформа.

Марк Зукерберг мисли дека сме идиоти

Благодарејќи на откритијата околу Кембриџ аналитика, дознавме дека Фејсбук дозволил многу поширока и подлабока проституција на нашите приватни податоци отколку што претходно тврдеше. Неискрените објаснувања од Фејсбук навлекуваат уште повеќе прашања и уште помалку доверба кон нив, пишува поранешниот директор на Епл и Хјулит-Пакард, Жан-Луи Гасе.

Како и да го вртиш, Зукерберг пак е ќар

Во ни најмалку коректен потег ЦЕО-то и основач на Фејсбук, Зукерберг на две недели пред да избие целиот скандал и револт против неговата платформа, продал 1,14 милиони свои акции во компанијата (вредност од околу 200 милиони долари). И тоа се само од овие две недели.

Малиот човек Зукерберг

Марк Зукерберг е мал човек - 170 сантиметри, според Гугл, ама тоа не е општо познато, бидејќи единствените фотографии од него што се јавно достапни се внимателно направени за тој да изгледа повисок, според поранешниот автор на Вајард, Грем Стар. Откако ќе ги прочиташ забелешките на Стар на оваа тема, станува невозможно да ги гледаш фотографиите на основачот на Фејсбук без да ја забележиш вештината употребена во секоја фотографија за да се скрие тајната за неговата висина.

Лајк од Зукерберг што дневно на Фејсбук се трошат по 50 милиони часови помалку

По сè што му накалемија за и околу изборот на Трамп, Зукерберг одлучи дека решението на проблемот не е во тоа подобро да се контролира содржината што се објавува, не е да се води контрола кој што содржина рекламира, не е да се внимава на насилство и малтретирање на Фејсбук (по идеолошки или какви било други основи), туку да го намали бројот на вести од медиумите што стигаат до нивните фанови.

Пара на пара оди, и тоа ти е

Браќата Винкелвос се двајца баксузи на кои Марк Зукерберг во основа им ја краде идејата за Фејсбук. Исто така, од пред некој ден тие се и првите биткоин милијардери во светот, и тоа баш со парите што ги ќарија од Зукерберг.

Да му ги немаш маките на Зукерберг

Ќе го учиш, ќе го пазиш, ќе го носиш на курсеви и семинари за човечко понашање, и ќе го седнеш пред камера за на крај пак да ти каже дека најтежок момент во живот му бил кога одбил 1 милијарда долари. И како после луѓе да не веруваат дека е робот?

Обраќање до Зукерберг од работничката на Фејсбук што живее во гаража

Во нешто кое без претерани внатрешни дилеми може да се толкува како ишарет на Зукерберг кон можноста да се кандидира за претседател на САД во 2020, првиот човек на Фејсбук тргна на турнеја низ САД за да "научи за надежите и предизвиците на луѓето" низ земјата. Дел луѓето што работат во Фејсбук порачуваат - а нас да нè прашаше?

Политичка катастрофа, скица за уништување на новинарството, аргумент за растурање на Фејсбук

Фелдман во Њујорк магазин напиша дека Зукерберг дал аргумент за растурање на Фејсбук, Атлантик постот на Зукерберг го доживува како скица за уништување на новинарството, а за Арстехника манифестот е политичка катастрофа.

Зукерберг (не сакајќи) даде одличен аргумент за растурање на Фејсбук

Никој не може да му го прости на Фејсбук проблемот со вестите, ниту оние што ги објавуваат (како да се борат против лажните вести), ниту оние што ги читаат (како да се борат против лажните вести). Дополнителната критика (и паника) е дека Фејсбук стана една од двете најмоќни мрежи на планетава за дистрибуција на вести и информации.