- По основа на некои негови претходни изјави, Зукерберг беше запрашан дали е можно да се случи да има платена верзија на Фејсбук без реклами, на што „Зукерберг даде умешно општ одговор кој ја остава отворена можноста за Фејсбук со претплата.“
- Иако добар дел од подготовката на Зукерберг оди на тоа како тој да изгледа почовечки и попријателски пред камери, и да дава пи-ар наклонети одговори, вежбаниот имиџ крахираше кога беше поставено прашањето околу Палантир, компанијата во сопственост на членот на бордот на Фејсбук, Питер Тиел, која собира податоци и користи вештачка интелигенција за да им помогне на најразлични влади во аналитики како предвидување криминал. Зукерберг беше запрашан околу тврдењата дека Палантир соработувал со Кембриџ аналитика во создавање на психографски профили и дека тие можеле да соберат Фејсбук податоци за да ги подобрат своите предвидувања. За разлика од најголемиот дел од сведочењето, на ова прашање Зукерберг „се затвори и даде некарактеристично краток и студен одговор“ и наликува како да одговара Дата од Ѕвездени патеки:
- Што е до Зукерберг, нему Фејсбук не му личи на монопол, и покрај тоа што не може да наведе еден директен конкурент на неговата платформа:
- По неколку ескиважи на прашањето зошто во 2015 одлучиле да не им кажат на корисниците дека нивните податоци се загрозени и компромитирани од Кембриџ аналитика, крајниот одговор на Зукерберг беше дека некаде во компанијата било така одлучено, и тој не бил инволвиран во тој процес.
- Зукерберг за свој најголем грев го смета начинот на кој се справил со руското мешање во американските избори, поточно бавната реакција.
- Фејсбук и неговите вработени соработуваат со Роберт Мулер, кој ја предводи официјалната истрага за руската вмешаност во американските избори. До сега тие на Мулер му ги имаат предадено сите реклами објавени на Фејсбук кои се сметаат за руска пропаганда.
- Во еден од тонч моментите на сослушувањето, Зукерберг беше запрашан дали би сакал да и соопшти на јавноста во кој хотел престојува додека е во Вашингтон за сослушувањето. Нормално дека не сакаше. Инаку, ако ја имаш нивната апликација на телефонот Фејсбук во секое време знае во кој хотел се наоѓаш.