Без разлика што не е исклучена и можноста документите намерно да се оставени на ачик, тие содржат интересни информации околу стратегијата на Зукерберг за сослушувањето.
На двата листа што се фотографирани покриени се вкупно 14 точки кои виртуозно се обработени за Фејсбук и Зукерберг да минат без речиси гребнатинка.
На тема одговорност, Зукерберг само за поднесување оставка има пет потенцијални одговори:
- Го основав Фејсбук.
- Мои одлуки.
- Сум направил грешки.
- Голем предизвик, ама и претходно сум решавал проблеми, ќе ги решам и сега.
- Веќе го средуваме проблемот.
Под истата точка стои и дека тој не планира никого да отпушти заради скандалот и дека “нема да фрла луѓе под автобус“. Случајно ако го прашаат пред кого тој одговара, совршениот пи-ар одговор му е „пред вас, пред вработените, пред луѓето што го користат Фејсбук.“
Иако не планира никого од вработените да го фрла под автобус, тој не се ни двоумеше да го спомне Епл во делот дека и апликациите на Епл ги злоупотребуваат податоците на корисниците, па никој не бара од Епл за тоа да ги извести корисниците.
Тој е подготвен и за „не дај боже“ ситуации, па ако некој се интересира за диверзитетот во Фејсбук, Зукерберг го има бројот на јужноамериканци и црнци кои работат во компанијата, и самокритично признание од корпоративно верглање „Силициумската долина има проблем (со диверзитетот), и Фејсбук е дел од тој проблем.“
Последната точка од забелешките му е за ГДПР, европскиот закон за заштита на податоците. Уште во насловот во заграда има напишано „немој да кажеш дека веќе го спроведуваме тоа што го бара ГДПР“, а потоа во објаснувањата му е напишано токму ова без ниту еднаш да ја употреби формулацијата „веќе го спроведуваме тоа што го бара ГДПР.“
****
Мал детал од сослушувањето: