Со ова во изминативе 3 месеци Зукерберг има продадено повеќе акции од Фејсбук, отколку кој било друг инсајдер во која било друга компанија на американската берза.
Од компанијата објаснуваат дека ова е дел од планираното намалување на уделот во Фејсбук што го поседува Зукерберг. Компаниите имаат пракса да ги исплаќаат своите директори во акции, што тие можат да ги продаваат по сопствена желба или според распоред утврден од Комисијата за хартии од вредност.
Зукерберг во септември објави дека во следните 18 месеци ќе продаде меѓу 35 и 75 акции „со цел да ги финансира своите филантропски проекти“.
По последната продажба, Зукерберг поседува над 393 милиони акции, или 13,53% од обичните акции во компанијата.
Откако излегоа проблемите со Кембриџ аналитика и како тие ги искористиле можностите на Фејсбук, вредноста на акциите на Зукерберг падна од 75 на 66 милијарди долари.