Еден од најголемите предизвици во намалување на внесот на натриум е неговата прикриеност и сеприсутност.
„Ние го перципирање дневниот внес на сол според тоа колку додаваме во готвење или колку ставаме кога сме седнати на маса... Меѓутоа една од најважните статистики покажува дека 71% од внесот на сол на просечниот Американец се случува вон домот,“ објаснува Сара Чодош во текстот за Популар сајанс.
Во една крајно внимателна студија од 2017 од испитаниците се бара колку што ставаат сол во готвење или во готова храна, толку да истурат во посебна кесичка. По мерење на сите примероци, истражувачите доаѓаат до заклучок дека само 5% од вкупниот внес на сол се случува на маса, а 6% при подготвувањето храна. На оваа бројка треба да се додаде дека 14% од солта што ја внесуваме доаѓа спакувана во храната, дури и во нејзината свежа состојба, без да биде подготвена (вклучително свежо овошје и зеленчук).
На страна ситниот кусур што останува, 71% од солта се внесува од преработена храна и храна од ресторани.
Како што е случајот со мастите и шеќерот, така индустријата за храна и рестораните се крајно либерални во додавањето сол во своите производи како еден од начините за подобрување на нивниот вкус. Па така, сегашната препорака на американските власти за внесување на максимум 2300 милиграми натриум на ден (2,3 грама, пола лажиче сол), речиси целосно се покрива и со само еден однапред подготвен оброк.