Најновите проценки на надлежните американски агенции се дека во 2016 40% од американските возрасни и 19% од младината на земјата имаат прекумерна тежина.
Очигледната причина за ваквата ситуација е тоа што американската популација повеќе внесува калории отколку што троши.
Меѓутоа таквиот сооднос го објаснуваат по 7 основи:
1. Многу јадат надвор (ресторани, брза храна, храна за носење)
2. Големината на американските порции (кога се јаде надвор) постојано расте
3. Се налеваат со зашеќерени пијалаци во неспоредливи количини.
4. Здравата храна знае да е поскапа.
5. И кога јадат зеленчук тоа претежно е компир и патлиџан.
6. Премногу оброци наликуваат на десерт (корнфлекс, палачинки...).
7. Постојан десант на реклами за нездрава храна.
Од Вокс даваат и некои решенија на проблемот, ама не дека па до сега никој нема дадено некакво решение.