- Голем број Палестинци го напуштаат градот Газа откако израелската војска ја почна првата фаза од најавената копнена офанзива врз градот, која треба да заврши со целосна окупација. По неколкудневно гранатирање, израелски трупи, тенкови и булдожери се распоредија на стратегиски позиции во предградијата Зејтун, Џабала и Сабра.
- „Го разбивме Хамас во изминатите 22 месеци. Ќе ја зголемиме штетата на Хамас во градот Газа, упориштето на владиниот и воениот терор. Ќе ја уништиме инфраструктурата над и под земјата и населението повеќе нема да биде зависно од Хамас. Ги почнавме првичните акции. Трупите се на позиции“, изјави портпаролот на ИДФ, Ефи Дефрин.
- Премиерот Бенјамин Нетанјаху наредил забрзување на операцијата за преземање на „последните терористички упоришта“. Владата вчера најави дека во септември ќе бидат мобилизирани 60.000 резервисти.
- Градот Газа има околу 1 милион палестински жители. Тие во фази ќе бидат повикувани да се евакуираат преку коридори во јужните делови на појасот Газа „заради нивна безбедност“. Тоа уште повеќе ќе ја зголеми хуманитарната катастрофа и гладот. Од почетокот на војната па до вчера, според локални извори, во Газа биле убиени 62.122 луѓе.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.