Ева Н. од Штурово во Словачка е во притвор заради прекршување на наредбата на локалните власти да ги олабави соседите со гласно и секојдневно пуштање на една иста ариа од Џузепе Верди.
Се работи за парче од Вердиевата 'Il trovatore' (Трубадур) кое во изведба на Пласидо Доминго Ева го пуштала на рипит над една деценија, од 6 сабајле до 10 вечер.
За дивно чудо, комшискиот спор го започнала Ева која пред неколку години се пожалила на лаење на комшиското куче по што овие решиле да ја истераат работата до крај.
Во 2015 година градоначалникот на Штурово ѝ наредил да престане со малтретирање, таа се стишала речиси две години ама во март годинава, од необјасниви причини пак почнала со Верди, на најјако.
Се соочува со тригодишна казна затвор а во близина на нејзината куќа, цели 16 години, од 6 до 10 звучело вака: