Солта можеби и нема толку разурнувачко влијание врза нашето здравје како што обично се тврди, сугерира една контроверзна студија која порачува дека кампањи за намалување на дневниот внес на сол имаат логика само во земји во кои апла се претерува, како што се Кина.
Светската здравствена организација препорачува дневна доза од 2 грама натриум, еквивалент на околу 5 грама сол, иако не постои земја која го постигнала тој посакуван стандард.
Вз основа на податоци од 90.000 луѓе во 18 земји во светот, солта прав бељи само во земји кои далеку надминуваат 5 грама сол дневно, а таква е Кина, делумно и заради галантното користење соја сос. Откриле дека и премали количини сол исто така прават проблеми со крвните садови, притисокот, работата на срцето.
„Нашата студија додава материјал на растечката евиденција дек а во умерени количини, натриумот му е потребен на организмот за правилно функционирање и дека станува опасен кога го има премногу или премалку. На нашите тела им се потребни тие суштински елементи каков што е натриумот, само прашање е во колкава доза,“ вели професор Ендрју Менте.
Да повториме, да посолиш таман за да ти е слатко.