Во јуни годинава Сенатот со големо мнозинство го изгласа амандманот со кој повторно се активираше трговската забрана за ЗТЕ, меѓутоа истата забрана не беше потврдена од Претставничкиот дом. На крај заедничкото решение прифатено од двата дома на Конгресот беше дека владата и секој што ќе сака да работи со владата не смее да користи компоненти и технологии од Хуавеи, ЗТЕ и останати кинески компании. Забраната ќе важи за следните 2 години.
Забраната не е 100-процентна и таа дозволува набавка од двете компании на производи кои „не можат да бидат искористени за следење или насочување на податоци,“ на пример шрафови или полици за сервери.
Хуавеи и ЗТЕ прв пат се наведени како безбедносна закана во извештајот на американскиот Претставнички дом од 2012, а раководителите на најразлични американски безбедносни агенции неколку пати препорачуваат нивните производи да не се користат по основа на безбедносна закана.
Во новиот закон има инструкции и за Федералната комисија за комуникации да го приоретизира финансирањето на американските бизниси кои ќе мораат да ја променат својата технологија како резултат на забраната.