Мислам дека може да видиме што спремаат ториевците околу Борис Џонсон. Исто така мислам дека може да видиме што спрема Борис Џонсон со ториевците. И имам некое длабоко чувство дека ова време следната година тој ќе биде премиер. Треба да се соочиме со тоа.
По неговата последна колумна за привлекување внимание - а знае како да привлече внимание - раководството на ториевците мораше да направи нешто кога тој одлучи да се спротивстави на претседателот на партијата и на премиерката, и одби да се извини за користење на навредливите термини „поштенско сандаче“ и „ограбувачи на банка“ во однос на нивната облеката на муслиманките.
Тереза Меј и Брендон Луис не мрднаа додека едно од нивните најголемите имиња ги исмејуваше муслиманките - и тоа го прави како избран пратеник на Конзервативната партија. Тој не е комичар; тој зборува во името на својата партија. Неговата партија има право да очекува нешто за возврат на неговите привилегии.
Па откако Борис ги остави да изгледаат прилично бледо, тие започна „истрага“. Не ги знаеме условите под кои таа ќе се спроведува или кој ќе ја спроведува, но таа има неколку политички предности.
Прво, ќе му даде на Борис право на фер судење, да не може да биде осуден по кратка постапка и да не може да се жали околу процесот.
Второ, ќе трае предолго, па тие се надеваат дека до тогаш сите ќе имаат заборавено, имајќи ги предвид летните одмори и слично.
Трето, конзервативните политичари ќе можат секое непријатно прашање да го избегнат со „па, како што знаете забелешките на Борис се дел од внатрешна истрага, и ние не можеме дополнително да коментираме или да додадеме на она што премиерката го има изјавено, освен тоа дека треба да внимаваме што изјавуваме.“ Во некој погоден дел кон крајот на летото, истрагата за исламофобијата на Борис Џонсон тивко ќе приврши со изјава како тоа неговите пишувања се неразумни и невкусни, меѓутоа дека тој нема да може да биде избркан од партијата. Може ќе се побара некаков номинален акт на покајување, кој веројатно ќе биде испорачан преку колумна во весник. Ако не, тој ќе глуми маченик.
Клучниот дел е дека него веројатно нема да го стигне правдата, и повторно ќе успее да се извлече. Тој сепак тоа го прави цел живот, преку Итон, Оксфорд, Булингдон клубот, како уредник на Спектатор, министер во владата, кандидат за лидер, градоначалник на Лондон... Богатата историја на Борис во основа е каталог на лични и политички лузни. Но некако тој секогаш успева да преживее.
И ние знаеме што спрема Борис. Тој ги промени своите ставови речиси околу сè, од миграција (либерал како градоначалник на Лондон, сега не толку многу) до ЛГБТ права и климатски промени. Во изминатите години, тој се претвори од занимлив евроскептик во радикален брегзитер. Причината за сите овие и други маневри, се што единствената работа во која Борис Џонсон стварно верува е Борис Џонсон и неговата судбина да биде премиер. Ако одговара на неговите цели, и го донесе неколку чекори поблиску до бр. 10, тој би предложил забраната за бурка да биде задолжителна.
Токму ова го прави толку опасен - еластичноста на неговите верувања. Тој е најголемиот и политички најпромискуитетниот опортунист кој се појавил на британската политичка сцена од времето на Дејвид Лојд Џорџ. Борис е авантурист, тип во кој естаблишментот традиционално нема доверба, како Лојд Џорџ и Черчил во нивно време. Само очајни времиња - војна и во двата случаи - можат да ги издигнат на врвот. А ние сме во очајни времиња.
Ние не знаеме како ќе изгледа политиката есенва или зимава, како што преговорите за брегзит се приближуваат до изгледа неизбежниот неуспех. Во одреден момент на фабриката за магла на Тереза Меј ќе и снема суровина, и тешките избори кои лежат мирни од утрото во јуни 2016 ќе се претстават себе си во груба, неизбежна форма.
Ќе има криза на самодоверба во Конзервативната партија, а никој не паничи подобро од ториевците. Моментот кога тие колективно ќе заклучат дека се пред политички пропаст е моментот кога ќе започне пеколот.
„Бурка аферата“, така да ја наречеме, многумина вџашува, и тоа е и целта на Борис, бидејќи тој сака да ги вознемирува луѓето, но истовремено воодушевува многумина во исламофобското крило на конзервативците. Ова се типови кои се вртат меѓу УКИП и ториевците во зависност од времето, кои би сакале Најџел Фараж и Борис Џонсон да ги спојат своите партии и да оформат челичен пакт, и кои испраќаат навредливи мејлови до Лорд Шеик и пишуваат излудени коментари во Меил онлајн.
За нив Борис е вистинската работа, човекот кој го кажува она што никој не сака да го каже, човекот кој „верува во Британија“ и брегзит „сонот“, најдоброто нешто од времето на Маргарет Тачер.
Борис верува во Борис и верува дека неговата растечки бескомпромисна позиција околу брегзит, како и неколку знаци околу мултикултурализмот, ќе му дадат предност во однос на меките ривали кои се уште умно седат во владата, како неговиот стар непријател, Мајкл Гов. Одеднаш, по неговата оставка, тој стана човек од принципи, целосно лажни секако, ама тоа е тоа (за него исто така, како што зборуваат, било тешко да живее со плата на министер за надворешни работи).
Во дамнешни времиња, кога ториевското раководство се избираше од оние кои најдобро ги знаеа кандидатите, пратениците, Борис би бил во голема загуба - затоа што неговите избирачи би го знаеле каков е исто како што би ги знаеле и приказните за него. Ова е главна причина зошто Енох Пауел никогаш не успеа да стигне до врвот на партијата - иако членството на партијата би му ги дало сите гласови. Меѓутоа тие тогаш имаа помало влијание врз работите отколку што имаат сега.
Денес, секако, парламентарците ја имаат ограничената улога на утврдување на двата кандидати кои треба да бидат избрани од поширокото членство. Ако тој успее да биде еден од тие два, и во директна борба, да речеме со Саџид Џавид, тогаш по сите околности треба да се претпостави дека Борис Џонсон ќе преовлада.
Тој по кратко ќе се најде себе запрашан од Кралицата дали ќе сака да формира Влада. Ќе може да го направи тоа, иако многумина од неговите колеги ќе одбијат да служат со него, а некои пратеници, како Доминик Грив, ќе ја напуштат партијата.
Неговото владеење нема да биде долго, ниту славно, имајќи го предвид брегзит хаосот. Кловн ќе управува со катастрофа. Но тој ќе биде таму, на власт, „сонот“ за брегзит ќе биде оживеан, голем број негови критичари ќе бидат збунети, првиот лидер на пост-брегзит глобална Британија. Тој ќе се расфрла наоколу како елизабетанска верзија на Волтер Рели, терајќи го својот пат на освојување пазари на чудни континенти, расправајќи се шпанскиот крал околу Гибралтар и храбро спротивставувајќи се на Французите, Германците и Русите.
Како Доналд Трамп, тој ќе биде одличен за содржина и бескраен извор на стории - ама, како Трамп, и тој ќе претвори некогаш почитувана нација во смешка за жалење.