Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Индија е глобално предупредување, не локален проблем

Индија како најголемиот глобален производител на вакцини, пред некое време ја надмина границата од 345.000 новозаболени од ковид-19 во еден ден.

Нетфликс растури на Оскарите

На годинешните Оскари Нетфликс ја има најдобрата жетва на статуетки во историјата, и освои повеќе Оскари од кое било друго филмско студио.

Како американската олигархија го создаде концептот за расата

Прашање: Како богатите бели земјопоседници ги осуетија црните робови и белите слуги и аргати да се обединат во заедничка борба за економска правда?
Одговор: Со тактиката „раздели па владеј“ остварена преку концептот на расата. Создади им чувство на белите слуги дека се супериорни кон робовите заради бојата на кожата и изманипулирај ја белата сиромаштија дека секој ќар за црнците оди на нивна штета.

Докинс е расчинет заради твит. Чисто хуманистички.

На Ричард Докинс му е одземена почесната титула „хуманист на годината“ заради еден твит кој се однесува на транс-лицата а повикува на дискусија околу темата. „Нема што да се дискутира,“ пресудуваат новите хуманисти.

Сноупс е во белја. Факт.

Сноупс со децении беше и уште е ултра корисен сајт за проверка на вистинитоста на митови, легенди и стории кои вирално кружат по интернет. Станаа и соработници на Фејсбук за проверка на факти. А потоа, работите тргнаа удолу. 

Веќе никој не гледа порно на десктоп

Речиси 85% од порно содржините на интернет луѓето ги гледаат како да се казнети, на мобилен или на таблет. Само 15% консумира порно на екран со асална големина.

Носењето маска надвор се тера речиси па непотребно

Носење маска надвор и потоа ставање на истата во џеб кога ќе влезеш во бар е исто како да носиш кацига дур одиш и да ја извадиш кога ќе се качиш на мотор.

Вакцините НЕ ве поврзуваат на интернет

Австралиското министерство за здравство, на својот сајт има дел за прашања и одговори во кој без ронка надменост, одговараат и на најглупите прашања. Mеѓу нив и дали со помош на вакцината може да се споиме на интернет.

 

Ако се одржи, Токио 2020 нема да има ни клечење, ни тупаници во вис

Правилото на Меѓународниот олимписки комитет стои (за сега) и покрај притисокот од БЛМ и слични движења за најразлични типови правда.

Го претвораме ковид во детска болест

Со тоа што возрасните ќе бидат вакцинирани а децата не, се отвора една зезната, недоволно промислена димензија на пандемијата. Ќе дојдеме во глупа ситуација во која возрасните опуштено ќе се дружат, а децата ќе мораат да се дистанцираат и да носат маски.

Бродот се одглави, екипажот уште не

Од моментот кога излезе од каналот, бродот Евер гивен е заглавен на египетското пристаниште каде е запленет дур не се плати штетата од неговото заглавување. Заедно со него е и целиот екипаж.

Бајден ќе го прогласи масакрот на Ерменците за геноцид

Се работи за злосторство постаро од еден век во кое отоманската империја убива околу 1,5 милиони ерменски граѓани, и кое заради сојузништвото меѓу Турција и САД никогаш до сега не беше наречено „геноцид“ од американски претседател.

Докторите почнуваат да се откажуваат од групен имунитет

Идејата за групен имунитет, која беше една од водилките во првите месеци од пандемијата, се повеќе губи поддршка меѓу експертите кои се колнеа во неа.

Од 90-годишна баба украдени 32 милиони долари

Жртвата е од Хонгконг, а целата измама е направена преку телефон од измамници кои се претставувале како кинески функционери.

Основачката на БЛМ си купи милионска куќа во бело маало

Ко-основачкатта на Блек Лајвс Метер и самопрогласена „тренирана марксистка“, за 1,4 милиони долари си купила куќа во шик реон во Лос Анџелес во кој живеат претежно богати белци.

Ќе биде ли таа новата Ангела Меркел?

Аналена Баербок. Четириесет години, Зелена, добитничка на бронзан медал на национално првенство во вежби на трамполина.

Во Британија кафанџиите бркаат политичари од паб

Британиски политичар е избркан од паб од сопственикот затоа што гласал за затворање на пабовите, плус и генерално не си ја вршел работата како што треба.

Во Тексас уште ништо од масовниот помор од ковид

Доктор Фаучи признава дека не му е баш јасно зошто месец ипол откако Тексас ги укина сите забрани и лимити поврзани со пандемијата, не се случува ништо од она што беше предвидувано како ковид апокалипса во таа сојузна држава.

Бајден со закон ќе крати колку никотин може да има во цигари

Тоа што ја интересира администрацијата на Бајден е количината на никотин во цигарите да биде под нивото на создавање зависност, а тоа е речиси нула.

Франција се подготвува за голема војна

Ако пред 30 години беа само мировници, за подоцна да се зафатат со контра-тероризам дома и во странство, францускиот генералаштаб ја гледа својата армија спремна за 10 години во секој момент да вади дивизии од по 25.000 луѓе и да се тепа држава на држава. Непријателот засега е анонимен но погледите одат кон Русија, Турција или северна Африка.  

Дали полицаецот што го уби Џорџ Флојд ќе куртули заради фанови на БЛМ?

По целиот револт и хаос што следуваше по убиството на Флојд, нервозата некако природно се префрли и во судењето на Дерек Човин, и ова беше очекувано. Меѓутоа кога притисокот почна да доаѓа од членови на Конгресот, судијата најави дека има основа да се крене рачна на целото судење.

Ветеран од Авганистан: Никој не знае зошто бевме таму

Американскиот претседател најави конечно повлекување на САД и сојузниците од Авганистан. Земјата се напушта со повеќе територија под контрола на Талибанците отколку што беше случај пред да стапнат таму. Одличен проект. 

465 милиони долари за една сезона на Господар на прстените

Претходно беше објавено дека Амазон ќе плати над 500 милиони долари за снимањето на неколку сезони од серијата Господар на прстените. Денес излезе дека само првата ќе чини 465.

Џорџ Буш, прогресивниот

Најновата верзија на поранешниот американски претседател е: уметник, автор на книга и поборник за правда за имигрантите.