Американската хуманистичка асоцијација реши на Ричард Докинс да му ја одзеде титулата „хуманист на годината“ која му ја има доделено уште пред 25 години поради „значаен придонес во приближување на научните концепти на пошироката јавност“.
Денес проценуваат дека авторот ги омаловажува маргинализираните групи, затскривајќи го тоа во научен дискурс.
Смртниот грев на авторот на The Selfish Gene и The God Delusion е еден негов твит од почетокот на месецов во кој транс-лицата ги спореди со Рејчел Долежал, активистката за граѓански права која со години се претставуваше како црна жена.
"Во 2015 година, Рејчел Долежал беше омаловажувана и навредувана заради нејзиното идентификување како црна жена, твитна Докинс. „Некои мажи решаваат да се идентификуваат како жени а некои жени одбираат да се идентификуваат како мажи. Денес ќе бидеш омаловажуван и навредуван ако негираш дека и буквално се она со кое се идентификуваат. Дискусија.“
Образложението за одземање на титулата е многу подолго од самиот твит и се наведува дека таквиот став значи омаловажување, завиткување на недозволени ставови во обланда на научни дискурси, а се придружија и од асоцијацијата на транс-жени кои проценија дека тоа се „опасни наративи“.
И пред да биде расчинет, Докинс објасни дека немал никаква намера никого да омаловажува, дека неговиот повик за дискусија бил погрешно конекстуализиран и дека му е криво што неговиот став бил злоупотребуван од некои американски Републиканци.
Бадијала. Нема дисусија .
Лани, Џ. К. Роулинг ја врати наградата од Организацијата за човекови права на Роберт Кенеди, откако неговата ќерка Кери Кенеди пројави проблеми со ставовите на Роулинг околу транс-темите.
„Разжалостена сум но не постои награда или почесна титула, без разлика на мојата почит кон лицето по кое е именувана, која може толку да ми значи за да го лажирам моето право да ја следам сопствената совест,“ изјави тогаш Роулинг.
*************
Види и:
Пак им е вештерка Џ. К. Роулинг
Џ. К. Роулинг: Не можам да се преправам дека ми е гајле што мислите за мене
Кога транс-лобито ќе удри во ѕид
Левицата денес го прави она што до вчера го правеше десницата