Не дека ќе останат на просјачки стап и без пари луѓето што ги влечат низ кал онлајн кога ќе се осмелат да кажат мислење за деликатна, нова тема, ама секако им се пореметува животот, макар малку, макар да не можат глава да дигнат од „убиј се“ пораки. Ова ѝ се случува на пример, на Џ. К. Роулинг веќе со месеци, откако се осмели да се бори за женските права кои новите транс-права ги исклучуваат.
Но, што кога Џон Клиз ќе се согласи со нејзе?
Ќе се обидат и него да го симнат од престолот, само што, Џон Клиз е толку стар, толку неустрашив и толку - Џон Клиз што некако - не им успева.
Медиумите разочарано и внимателно известуваат дека Џон Клиз „решил на светот да му покаже дека е трансфобичен“, а експлозијата на оваа гомнарска цевка се случила кога некој на Твитер (а каде на друго место?) ископал скриншот од негов потпис на писмо за поддршка на Џ. К. Роулинг. И пука гомнарската цевка, Твитер ко што го дал Господ се пенави од разочарувања во еден од комичните гиганти на 20-ти (и 21-ви!) век и се обидува да го „откаже“.
А Клиз им вика:
„Длабоко во себе, јас посакувам да сум камбоџанска полицајка. Тоа дозволено е, или сум нереален?“
На ова доаѓа нова тура твитови од вознемирени онлајн персони, кои често ни самите не се транс, меѓу кои и еден помаркантен:
„Џон Клиз има 80. Нема да живее уште долго. Кога ќе умре, можеше да биде запаметен како сакан комичар и актер, но наместо тоа, донесе свесна одлука да го паметат како кенкав тип со предрасуди. Секогаш кога ќе се спомне неговото име, ќе се спомне и трансфобија.
Па, ја гледате ли вие оваа заблуда?
Сепак, после децении критикување на сѐ што е труло во општеството, занесување е да се очекува дека ќе навлегува во дискусија:
За жал, не ме интересира транс-популацијата.
Само се надевам дека се среќни и дека луѓето се љубезни со нив.
Во моментов сум пофокусиран на заканите по демократијата во Америка, разбеснетата корупција во Велика Британија, ужасните британски медиуми, откритијата за полициската бруталност…
И кога некој што веројатно се согласува со него, ќе му рече дека едноставно мора да ја прифати борбата за социјална правда или правец во гулаг, одговара со:
Мене ми пречи тоа комплетно отсуство на перспектива. А тоа се разбира, доаѓа со целосен недостаток на смисла за хумор. Сте слушнале ли досега „освестена“ шега?
А скоро се обидовме да објасниме некои проблеми околу шлепањето на женските права баш со една битна сцена од „Житието на Брајан“.
Ај уште еднаш, да се потсетиме: