Шлепање на женска мака

Може ли да има попрепредено и побезобразно во моментов, од тоа што на жените во Полска им се одзема правото на абортус? Може. Транс-лобито да ја напика сопствената непоканета агенда во сред борба за женски права.

Како тоа ќе го направи транс-лобито, чии последни достигнувања не се лобирање за прифаќање на транс-популацијата, интегрирање и нормализирање во однос на општеството, предизвикување прифатеност и креирање работни места - туку повик за палење на книгите на Џ. К. Роулинг?

Ќе спреми постери со „Ги подржувам луѓето во Полска“ и ќе побара да бидат споделени.

Амнести Интернешенел сподели твит со спремни постери на кои пишува „Абортусот треба да биде безбеден и легален“, „Безбедниот абортус е човечко право“, „Мое тело мој избор“, а на секој од нив е вметната фразата „Ги поддржувам луѓето во Полска“. Дури и има еден постер само со тоа. Амнести на тоа кани „да застанеме зад репродуктивните права во Полска и да споделиме еден од овие постери за на светот да му покажеме дека не прифаќаме закони кои на луѓето не им овозможуваат основни права.“

И дека заедно сме посилни.

Ма немој.

Каде е проблемот, можеби се прашувате?

ЛУЃЕТО.

Луѓето во Полска. Не жените. Повеќе се тежнее кон оние несреќни термини како „иматели на матка“, „луѓе што крварат“ и слични.

Проблемот лежи во тоа што баш во оваа битка, нема потреба да се докажуваме дека и транс-жените се жени, колку и да мислиме дека се и дека нема потреба да се смислуваат флоскули каде што ќе се отвора дискусија И ЗА тоа. Ваквото кварно пикање не само што ја покажува себичноста на група од која се очекува барем поради своето незавидно искуство да поддржува нечии права, туку и е контрапродуктивно. Или, како што ќе рече Хелен Саксби:

„Ако викаме ‘трудни луѓе‘, наместо ‘трудни жени‘, абортусот станува прашање на човекови права, наместо на женски права. И после не можеме да се жалиме што мажи одлучуваат.“

И за крај, да не заборавиме дека не е измислена топла вода лани:

 
4 ноември 2020 - 12:23