Буш неделава треба да ја започне турнејата за промоција на својата книга на тема имигрантите во Америка. Промоцијата е замислена како комбинација меѓу „виртуелни разговори“ и тв и радио интервјуа, меѓу кои и настап на едно вечерно шоу.
Буш ја напушта претседателската позиција како главен лидер во „војната против тероризмот“, која во рок до десетина години остави милиони мртви, а потоа мутираше во уште покрвави судири и појава на ИСИС.
Неколку претседателски мандати подоцна тој се враќа како прогресивец фокусиран на реформа на американските правила за имиграција, и ова е срдечно пречекано од американските медиуми и политичката елита. И ова не им е сеедно на дел од луѓето кои уште го паметат Буш и неговото резиме:
„Ова е човекот кој, секако заедно со Чејни, создаде подолгорочна и трајна штета на претседателството и американскиот политички систем, од кој било друг пред или после него,“ изјавува за Гардијан културолошкиот историчар, Џексон Лиарс.
Главната тема на последната рехабилитација на Буш е книгата „Out of Many, One: Portraits of America's Immigrants“ во кој тој објавува 43 портрети на имигранти кои лично ги нацртал, ги запознал и ја напишал нивната приказна. Целта на книгата, според неговиот кабинет, е „да се стави човечки лик на важната дебата околу имиграцијата и потребата од нејзина реформа“.
„Речиси е неверојатно тоа што тој сега е славен за тој или кој било друг хуман гест на инклузивност и толеранција.
Тој беше човек што сопствениот национализам, шовинизам и милитаризам го зави во реторика на праведност. Тој беше евангелиски христијанин, и тоа за мене, е многу понавредливо на многу начини од стилот на Трамп, кој беше очигледен, навредлив и одбивен,“ изјавува Лиарс, инаку професор по историја на Рутгерс Универзитетот.
За Буш закажано е појавување на Фокс њуз, Ен-пи-ар, Телемундо и Џими Кимел лајв. Претходно, по инаугурацијата на Бајден, Буш се појави заедно на телевизија со Обама и Бил Клинтон, „во настап кој ги претстави тројцата како заштитници на демократијата по нападот на американските институции извршен од Трамп.“