Информацијата ја објавува (повеќе се фали) министерот за економски развој и туризам на Нов Зеланд, Стујарт Неш, според кого планот на Амазон за сега е потенцијално да снима 5 сезони од серијата.
Самиот проект за серија од Господар на прстените, започна со 250 милиони долари исплата на наследниците на Толкин за правата за неговите дела.
За споредба, Игра на тронови чинеше отприлика по 100 милиони долари од сезона, со тоа што првата сезона трошокот беше 6 милиони долари по епизода, за веќе во осмата да стигне до 15 милиони долари по епизода.
Дејството на серијата ќе се случува во Второто доба на Средна земја, период кој е илјадници години пред случувањата во Хобит и Господар на прстените.