Симболичното етикетирање на историскиот настан треба да се случи во сабота на 106 годишнината од почетокот на „повеќегодишното и систематско“ убиство спроведено од претходниците на модерната турска држава.
Иако Турција се согласува дека во Првата светска војна борбите меѓу отоманските сили и Ерменците резултирале со масовни жртви, турските лидери одлучно негираат дека масовните убиства кои започнале во 1915 претставувале геноцид.
Без разлика на ова, турските власти се подготвуваат за прогласувањето на геноцид уште откако Бајден го вети тоа на својата изборна кампања. Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, неделава изјави дека ваквиот потег ќе ги уназади и онака тензичните односи меѓу двете членки на НАТО.
„Изјави кои немаат никаква правна тежина нема да имаат ниту некаков бенефит, меѓутоа тие ќе ги нарушат односите.
Ако САД сакаат да ги влошат односите, одлуката е нивна,“ порачал Чавушоглу.
Отприлика и правните експерти се на истиот став околу објавата на Бајден, потврдувајќи дека таа нема да има каква било правна тежина или да доведе до некоја казна, освен што можеби ќе ја понижи Турција и нејзината историја во која сега ќе има настан налик Холокаустот.
Процената е дека со признавањето на геноцидот САД ја покажуваат својата посветеност кон човековите права, и дека земјата е „подготвена да претрпи геостратешки удари за нашите вредности.“
Односите меѓу Турција и САД значително се напнаа во декември минатата година кога администрацијата на Трамп (под притисок од Конгресот и како услов за донесување на воениот буџет) воведе санкции врз земјата заради купување на рускиот ракетен одбранбен систем С-400.